Последно произнесување на Доналд Трамп за неговата интелигенција се случи на еден митингот во Охајо на трети октомври кога на публиката ѝ се овери дека е „многу интелигентен“ и личност со „висок коефициент на интелигенција“, за разлика од „некои други луѓе“.
Тврдел и дека неговиот коефициент на интелигенција е „меѓу највисоките во целиот свет“ и токму тоа го натерало еден јутјубер на тест да ги стави смелите тврдења на претседателот, евалуирајќи го преку седум различни модели на вештачка интелигенција кои ги добиле транскриптите од последните интервјуа на Доналд Трамп.
Грок
Започнал со асистентот со вештачка интелигенција на Маск кој добил инструкции да биде јасен, директен, непристрасен и „без разубавување на вистината“.
Одговорот:
Врз основа на овие транскрипти, тој делува како некој со интелигенција во опсегот од низок просек до просек, грубо кажано меѓу 95 и 110. Говорот му е едноставен, полн со повторувања. Постојано ги врти истите неколку тврдења, го избегнува вистинското прашање и упорноста ја третира како доказ.
Ретко кога гради повеќестепена аргументација или се справува со противречност, а да не скршне кон приказна за себе или кон некоја бројка што подоцна не ја објаснува.
Обично, високата вербална интелигенција не се манифестира така под притисок. Она што тој го поседува е инстинкт за продажба. Знае која реченица „пали“, кога да го смени правецот и како да претстави хаотична ситуација како победа. Тоа е вештина но не е исто што и бистрина на умот.
Мета АИ
„Врз основа на овие транскрипти, мојата искрена проценка не е висока. Речникот е крајно едноставен и полн со повторувања. Постојано се користат истите суперлативи. Речениците се кратки и вртат во круг. Тој постојано избегнува директни прашања, ја губи нишката на разговорот, си противречи самиот на себе и празнините ги пополнува со фалење наместо со вистинско објаснување.
Проценетиот коефициент на интелигенција (IQ) би бил „низок просек, грубо кажано меѓу 85 и 95“, при што се забележува дека тој делува „самоуверено“ и „снаодливо“, но не и „интелектуално остроумно“.
ЧетГПТ
Асистентот на ОпенАИ бил еден од двата модели на вештачка интелигенција што одбиле да дадат бројчана оценка, наведувајќи дека транскриптите не нудат доволна основа за одредување на коефициентот на интелигенција. Сепак, моделот укажал на тоа дека неговиот вербален учинок бил „многу нерамномерен“ но и дека повремено човекот знае да демонстрира „остро тактичко размислување“.
Копилот на Микрософт
Тоа е вториот модел кој одбил да даде нумеричка оценка.
DeepSeek
Кинеската ВИ го одмери американскиот претседател на „околу 80 до 85“, тврдејќи дека тој „зборува неповрзано, се повторува, избегнува директни одговори“ и „противречи на очигледни факти“.
„Речникот е едноставен, логиката е слаба, а тој во голема мера се потпира на фалење, изразување незадоволство и наметнување доминација. Сепак, покажува умешност во изборот на моментот и реторичка агресивност, што значи дека не е беспомошно бавен. Гледано од аспект на аналитичка интелигенција, тоа е во најдобар случај – низок просек.“
Доста му е. Останатите оценки ги имате овде. Ако сте пропуштиле, кинескa вештачка интелигенција нè оценуваше и нас како сајт и вас како публика.
Тоа ви е овде.