Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Демократите го држат Сенатот

4 November 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Демократите ја вратија контролата врз Сенатот на САД, победувајќи ги републиканците низ целата земја со историски победи што ќе им дадат нова моќ над Доналд Трамп до крајот на неговото претседателствување.
  • Партијата ја врати контролата врз Сенатот откако нивните кандидати победија во мноштво држави каде што немаа успех со години, ако не и децении, вклучувајќи ги Јужна Каролина, Северна Каролина, Охајо, Тексас, Ајова и Канзас.
  • Заедно со нивниот веројатен триумф во Претставничкиот дом, се очекува демократите да имаат целосна контрола врз Конгресот почнувајќи од следната година, за прв пат од 2022 година.
  • Со контрола врз Сенатот, демократите ќе имаат можност да ја контролираат не само законодавната агенда на Трамп, туку и сите назначувања што тој ги прави во неговиот кабинет или федералното судство - вклучително и Врховниот суд, каде што конзервативците имаат мнозинство од 6-3.
извор

Нетанјаху може да почне да се пакува

5 November 2026
  • Share
  • Post
  • Партијата „Раам“ на Арапите во Израел го поддржа Гади Ајзенкот како мандатар за состав на идната влада, по парламентарните избори кои завршија без јасен победник.
  • Со осумте пратеници од Раам, блокот зад Ајзенкот веќе има поддршка од 56 пратеници, повеќе од блокот на Бенјамин Нетанјаху (52).
  • Тоа може да биде пресудно, бидејќи претседателот Исак Херцог денеска ги почнува консултациите со политичките партии и треба да му го додели мандатот на кандидатот кој има најголема поддршка во Кнесетот.
  • За Ајзенкот се очекува да се определи и другата партија на Арапите – „Заедничка листа“, која освои 11 пратенички места.
  • Ајзенкот пред изборите отфрлаше коалиција со партиите на Арапите во Израел, но би можел да состави малцинска влада, која би добивала поддршка за клучните одлуки.
извор

Пропаѓа договорот на Трамп за руски дизел?

5 November 2026
  • Share
  • Post
  • Договорот на Доналд Трамп со Владимир Путин за увоз на руски дизел се чини дека пропаѓа, откако два танкери скршнаа од курсот кон САД.
  • Неколку недели пред изборите во САД, Трамп ненадејно ги укина санкциите за увоз на руски дизел за да ја спушти цената на горивото на пумпите.
  • Американските резерви на дизел паднаа под 100 милиони барели првпат во последните две децении.
  • Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Британија и ЕУ, и „Леруо“, кој е под санкции од Британија, ЕУ и Канада, повеќе не го наведуваат атлантскиот брег на САД како своја дестинација. Првиот се упатил кон Средоземно Море и објавил сигнал дека чека наредба, а другиот скршнал кон Бразил.
  • Во меѓувреме, трет танкер под санкции – „Бист“, плови кон САД откако на 27 октомври тргнал од руското пристаниште Приморск.
  • Како можна причина за промената на курсот на танкерите, Фајненшл тајмс ја наведува неизвесноста дали ќе им биде дозволено да влезат во американските пристаништа поради легалноста на товарот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонски колбас со ајвар

Разно
2

Се очекува стампедо

Балканштина
3

Јапонија бара резервен главен град

Свет
4

На Шиц по четири седишта му чуваат за Вардар, и Червар му крева рака

Навивачи
5

Како се однесува Богојески кога не е под надзор

Македонски рулет
6

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
7

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Канта
8

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Балканштина
1

Јапонија бара резервен главен град

Свет
2

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
3

Ерменија брза кон ЕУ

4

Со војната против Иран, Трамп го смени режимот - во Вашингтон

Свет
5

Иран: Американците рекоа НЕ за војната

6

Германија толерира 200.000 нелегални мигранти

Свет
7

Републиканците го изгубија и Претставничкиот дом

8

Вухан го тужи Мисури за клевета за ковид

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Еуфемизам на денот

Балканштина

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Предоперативни зафати

Да, дип стејт постои и не е тоа заговор

Затоа се пријатели

Ако треба Македонците да се чипираат со нешто, еве го фајлот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy