Џин Твенџ, професорка по психологија на Државниот универзитет во Сан Диего, утврдила дека процентот на девојчиња во деветто одделение кои се идентификуваат како лезбејки или бисексуалки опаднал од 30% во 2021 година на 17% во 2025 година. Уделот на оние што се идентификуваат како бисексуалки се намалил од 26% на 13%.
Навистина изгледа како слободен пад, вели Твенџ за Вашингтон пост.

Стапката на момчиња кои се идентификуваат како геј или бисексуалци останала приближно иста во текот на изминатата деценија.
Пред неколку години, по воведувањето карантини поради пандемијата, податоците на CDC покажаа нагло зголемување во процентот на девојчиња од средно училиште кои се идентификуваат како лезбејки или бисексуалци. Тие стапки почнаа да се намалуваат, но сексуалната ориентација на постарите тинејџерки останала релативно стабилна.
Како можна причина за падот на процентите се наведува политиката на администрацијата на Трамп за отфрлање на досегашниот систем на спонзорирање на програми за „еднаквост, правичност и инклузивност“.
Неверојатно е што се случува кога ќе се скратат средствата за Министерството за образование и за УСАИД, забележува Тери Шилинг, претседателка на организацијата American Principles Project.

Твинџ вели дека политиката може да има улога, но и дека веројатно не е единствениот фактор, бидејќи не може да објасни зошто промените се забележани само кај ученичките на возраст од 14 до 15 години, а не и врз оние на 17 и 18 години.
Наративот за опаѓање на ЛГБТ-идентитетот кај младите е присутен веќе некое време. Ќе продолжиме да ги следиме трендовите низ времето, но доказите понудени досега отвораат повеќе прашања отколку што даваат одговори, вели Џоди Херма од истражувачкиот Институт „Вилијамс“ во рамките на Универзитетот UCLA.