Технологија

Европа се откажува од трката за ВИ

Европските влади и Брисел се повлекуваат од амбициозните намери да развијат сопствени напредни модели со вештачка интелигенција за да стекнат технолошка независност. Пресметале дека е попаметно напорите да се пренасочат кон новата политика: Европа не треба да поседува свои модели сè додека не може да ги стави во функција американските и кинеските.

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Соларни панели десет метри под морето

Во агресивната енергетска трансформација, Кина постави сончеви колектори насекаде – поплочи цели градови, ги крена над автопати и ги нареди на пловечки платформи крај брегот. Сега успеа да произведе енергија и од сончеви колектори потопени под вода, со револуционерна технологија која на тестирањето дала резултати блиски до теоретскиот максимум на ефикасност.

„Вештачката интелигенција ќе нè убие“ е новата ковид паника

Ако од некаде ни изгледа позната денешната хистерија околу итната опасност од вештачката интелигенција и нејзино забегување, тоа е затоа што за помалку од 10 години, четири пати видовме и преживеавме такви морални паники, водени од „најпрогресивните“ слоеви на човештвото. Сценариото секогаш беше исто: толку е итен проблемот што нема време за дебата.

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

ВИ агентите се гладни и лакоми за струја

Застарено е користењето на вештачката интелигенција за секојдневни прашања (откако Гугл стана практично неупотреблив да најдеш нешто) од типот „Дај ми рецепт за торта ама да не се здебелам“ или „Кажи место со жива свирка музика кајшто НЕ ја свират „Whind of Change“. Шемата е во агентите на вештачката интелигенција кои сами бркаат работа. Просечна дневна сесија на агент троши колку два фрижидера.  

Гигантите за ВИ создадоа глобален пазар на параноја

Апокалиптичните предупредувања дека ВИ ќе го уништи човештвото прошириja страв од нова глобална закана, слична на климатските промени или ковид. Водечките технолошки компании всушност создадоа пазар на параноја на кој можат да вртат стотици милијарди долари. Владите, пак, добија аргумент да го засилат надзорот врз луѓето и да го ограничат пристапот до интернет.

Амодеи, Алтман и Хасабис бараат дозвола да царуваат со развојот на ВИ

Аnthropic, OpenAI и Google од јули одржуваат состаноци за формирање заедничко тело кое ќе воведе стандарди за ВИ и бараат поддршка од владата, со гаранции дека САД нема да ја изгубат глобалната доминација. Амодеи всушност бара приватни компании да добијат законска дозвола да ја регулираат ВИ и да бидат судии дали ги почитуваат правилата што самите ги поставиле.

Од Claude бараат совети за биолошко оружје, вируси и ракети

Антропик блокирал хакери, измамници, владини агенции, потенцијални терористи и конкуренти кои го злоупотребувале ботот со ВИ Claude. Најчесто го користеле за да пробие заштитени системи, да овозможи надзор и да шири пропаганда, но некои му барале совети за создавање нови оружја, наведувани балистички проектили, биолошки отрови или вируси со убиствени функции.

Телевизори шпионираат дури и кога се исклучени

Паметните телевизори одамна ја следат активноста на корисниците за да им сервираат реклами по мерка, но обемот на приватни информации што наводно ги собираат е зголемен до загрижувачки димензии. Истражувачи од „Gamers Nexus“ тврдат дека телевизорите од LG можат да ги прислушуваат и да снимаат разговори на корисниците дури и кога екраните се исклучени.

Вашиот WiFi може да ве види

На стандардните домашни WiFi-рутери не им се потребни камери ниту сензори од поврзани смарт уреди за да детектира кога некој се движи низ домот. Ги следи сигналите што се одбиваат од телата. Со едноставна анализа на овие сигнали, може да се идентификуваат луѓето и да се мапираат нивната околина и навиките, без оглед дали некој уред е поврзан на мрежата.

Нема дата-центри без фосилни горива

Повикот на ОН развојот на вештачката интелигенција целосно да се напојува од обновливи извори на енергија удри во ѕидот на реалноста. Ветерниците и соларните електрани не можат да ја задоволат огромната побарувачка за струја од центрите за податоци. Климатските активисти не попуштаат: „Ако вложуваат милијарди за центри, ќе мора да платат и за чисти електрани“.

Сега може да нè следат и невидливи дронови

Инженери создадоа дрон кој луѓето не можат да го забележат. Ја искористиле несовршеноста на окото за да му ја прилагодат брзината на ротацијата на пропелерите. Покрај сите можни злонамерни намени на овој летечки фантом, производителите се задржаа на единствената со која некако можат да го оправдаат - „за набљудување на дивите животни“. 

Дали Кина ја доби најважната машина во светот?

Само Холандија и никој друг во светот ги прави машините за производство на напредните чипови кои се клучни за развојот на системите со вештачка интелигенција. Администрацијата на Трамп се сомнева дека до Кина веќе протекле доволно компоненти и знаење за да може самата да ги конструира најважните машини на светот и да ја загрози американската доминација.

Вселенски огледала ќе ни светат ноќе

Калифорниска компанија доби дозвола да тестира сателитски систем со огромни огледала кои ќе ги рефлектираат сончевите зраци за да осветлуваат населби или да напојуваат соларни централи ноќе. Ако тестот се покаже успешен, планот е во орбита да се распоредат 50.000 огледала до 2035 година. Зраците четири пати посветли од полна месечина би се изнајмувале за 5.000 долари за час.

Терористи масовно користат ВИ за поубиствени напади

Вештачката интелигенција пристигна како порачана за криминалците и измамниците. Хакерите имаат моќни алатки да пробиваат дигитални заштити и да крадат чувствителни податоци. Фалсификатори полесно копираат уметнички и генерираат лажни потврди за автентичност. Неизбежно беше ботовите да им помагаат на терористи и на бомбаши.

ЕУ ги озакони дигиталните шпиони во колите

Откога почна да се вградуваат камери и сензори во колите, отворено е прашањето дали тие повеќе им помагаат на возачите, на осигурителните компании или на владините агенции што ги надгледуваат граѓаните. Новите правила на ЕУ ја оставаат таа дилема отворена. Ќе се снимаат погледот и сите движења на возачите, а сите податоци ќе се чуваат во „црна кутија“.

Имигрантите зад бумот на ВИ во САД

Во новата глобална војна за технолошка доминација, Белата куќа ја штити домашната вештачка интелигенција како национално богатство на САД. Всушност, економијата на ВИ има глобални корени. Многу од гигантите во Силициумската долина, вредни стотици милиони долари, се основани од странци кои воделе бизнис пред да дојдат во Америка. 

Лабораториите за ВИ отпуштаат програмери, вработуваат филозофи

Пред десет години на почетокот на револуцијата на ВИ студентите по хуманистички науки беа предупредени: ако сакате да бидете конкурентни на пазарот на трудот, научете да програмирате. Ова не се покажа како добар совет. Денес, програмерите се тие што се плашат дека вештачката интелигенција ќе им ги земе работните места, а технолошките компании вработуваат филозофи.

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Мета сака да отвори кладилница за своите 3 милијарди корисници

Газдата на Мета сака да се вклучи во бизнисот на пазари за предвидување што им донесе многу пари на Полимаркет и Калши. Платформата „Арена“ на Марк Закерберг би била одвоена од Фејсбук и Инстаграм, но би ги опфатила нивните 3 милијарди корисници. Во почетокот ќе може да се кладат со „дигитални жетони“, со план потоа системот да се префрли на вистински пари.