
За кампањата стои компанијата Artisan AI, основана пред две години од британскиот претприемач Џаспер Кармајкл-Џек и Руперт Докинс, доктор по астрофизика на Оксфорд кој подоцна го напушти бизнисот.
Фирмата развива „занаетчии“ (Artisans) кои се опишуваат како дигитални работници кои ги автоматизираат работните процеси од почеток до крај и делуваат како членови на работните тимови, а не како софтверски алатки што луѓето можат да ги користат. Ова ги прави различни од постојните решенија, кои бараат постојано управување од човек.
Која епизода од „Black Mirror“ e ова? - се прашуваат вознемирени луѓе на ЛинкдИн.
Рекламите ја промовираат првата артизанка на фирмата, Ава, дигитален претставник за продажба, која се нуди како некој кој се бави развој на бизнисот и е „на стероиди“. Достапна за вработување е веднаш.
Успехот на рекламата (над милијарда импресии, скок на препознатливоста на брендот во Сан Франциско од 5% на 70%) и бурните редакции на неа, потсетуваат дека најуспешните не го продаваат производот туку ве тераат да чувствувате нешто - љубов, страв, лутина, стравопочит.
„Во свет каде што вниманието е валута, емоцијата е девизен курс,“ објаснуваат експертите.
А со аргументите на Artisan AI не може многу да се спори.
„Артизаните не мионуваат пола година по одмори.“
„Артизаните не бараат да ги пуштите да 'работат од дома' од Ибица.“