
Стартапот ветуваше дека нивната апликација по ваша команда ќе изработува какви сакате апликации.
Успеаа да соберат 445 милиони долари од инвеститори како Микрософт и Катарските инвестициски власти, со ветување дека развојот на софтвер ќе го направат едноставно како нарачување пица, првенствено преку нивната ВИ асистснтка „Наташа.“
Ветар и магла. 700 Индијци од крв и месо седеле и штанцале кодови по барање на клиентите кои верувале дека командуваат со вештачка интелигенција.
Builder.ai драматично колабираше кога се откри дека стартапот ги напумпала проекциите за приходите од лани за 300%. Покренато е барање за банкрот а основачот Сачин Дев Дугал пропадна во земја.
Во меѓувреме беше обелоденето дека стартапот, заедно со индискиот гигант во социјалните медиуми VerSe Innovation, цели три години правеле „кружни трансфери“: си фактурирале едни на други по 180 милиони долари за непостоечки услуги како што се „лиценцирање на вештачка интелигенција“ и „истражување на пазарот“.
Оваа епизода е дел од поширок проблем кој се нарекува AI-washing, маркетиншка тактика со која компаниите претеруваат или лажно тврдат дека нивните производи или услуги користат вештачка интелигенција, за да изгледаат поиновативни или технолошки напредни отколку што навистина се. Слично како „greenwashing“, кога компаниите лажно промовираат еколошки придобивки со цел да се привлече вниманието на потрошувачите и инвеститорите како и да се зголеми довербата во брендот.
Земјата ја движат
Чудни закони
Опасно ме врти
Наташа од трето три....