Човечкиот ум има фора да царува уште некоја година

Кумовите на вештачката интелигенција долго време се расправаат кога машините ќе го достигнат нивото на човековиот ум. Една од ретките анализи базирани врз конкретни показатели - мерење на способноста на вештачката интелигенција да го владее јазикот подобро од човекот, покажува дека технолошката сингуларност ќе настапи до крајот на оваа деценија, ако не и порано.

Слабата точна на поимот технолошка сингуларност е што не е дефинирана прецизна граница на изедначување на вештачката и природната интелигенција. Дури и името е позајмено од терминологијата од физиката на црните дупки затоа што не може да се утврди каде завршува хоризонтот на доминација на човековиот ум во споредба со машините.

Еден од најпрецизните обиди да се квантифицира напредокот на ВИ е споредбата на точноста на преведување говор.

Јазикот е најспецифичната карактеристика на интелигенцијата на луѓето, вели Марко Тромбети, директор на римската компанија Translated.

Машините не се толку далеку од затворање на јазот, по што ќе прераснат во општа интелигенција (AGI), која човекот тешко ќе може да ја контролира.

Компанијата анализирала повеќе од 2 милијарди преводи на текстови во период од осум години, користејќи метрика Време за уредување (TTE), која го пресметува времето потребно за професионалните уредници да поправат преводи од луѓе и генерирани од вештачка интелигенција. Во овој период е забележано бавно, но константно подобрување на ВИ и приближување до способноста на луѓето.

Во просек, на еден преведувач му е потребна отприлика една секунда за да го уреди секој збор од друг преведувач. За поправка на машинските преводи во 2015 година биле потребни приближно по 3,5 секунди, а до 2022 година биле потребни 2 секунди. Ако трендот продолжи, до крајот на оваа деценија, ако не и порано, машините ќе преведуваат подобро од луѓето.

Промената е толку мала што секој ден не ја забележувате, но кога ќе видите напредок во текот на 10 години, тоа е импресивно, објаснува Тромбети.

******
Види и: Година на суперинтелигенцијата

Спремни ли сме за денот кога вештачката интелигенција ќе нè претица?

Реј Курцвеил: Издржете до 2045-та

 

1 август 2025 - 08:12