Извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман, ја најави 2025 година со енигматичен „твит од шест збора“, покренувајќи дискусии за тоа дали човештвото се приближува - или веќе ја премина - технолошката сингуларност.
Твитот на Алтман гласеше: „Блиску до сингуларност; нејасно од која страна“.
Сингуларност е онаа пресвртна точка каде што вештачката интелигенција ја претекнува човечката и нејзиниот напредок станува неконтролиран, што доведува до потенцијално трансформативни, или потенцијално катастрофални исходи.
Твитот на Алтман е очигледен омаж на оној прочуен, наводно Хемингвеев „расказ“: „Се продаваат бебешки чевли. Никогаш носени“. (првпат појавен во јавноста кога Хемингвеј имал само седум години).
Сингуларноста е еден од клучните збор во технолошките кругови - тоа е хипотетичката точка во која вештачката интелигенција ја надминува човечката интелигенција, предизвикувајќи верижна реакција што човештвото ниту може да го контролира ниту да го предвиди. Измислена од математичарот Џон фон Нојман во 1950-тите и популаризирана од футуристот Реј Курцвеил, сингуларноста ја претставува крајната точка на пресврт во технолошката еволуција.
Она што ја прави сингуларноста толку привлечна и контроверзна е што истовремено носи огромни ветувања и исто толкава опасност. Нејзините „фанови“ тврдат дека вештачката СУПЕРинтелигенција ќе реши некои од најнерешливите проблеми на човештвото, скептиците предупредуваат на нејзино забегување и приоретизирање на нејзините цели пред човечката благосостојба.
Дополнително интригантна е филозофската идеја дека ако ние успееме да создадеме самосвесна интелигенција која креира реалност, тоа значи дека и нашава реалност најверојатно е симулација.
Во меѓувреме, време е да се навикуваме на колеги односно конкуренција од ВИ агенти кои, според Алтман, веќе во 2025 година ќе влезат на „пазарот на трудот“, ќе умеат автономно да делуваат и ќе го сменат скорот за компанијата за која се ангажирани.