Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

На Маск му ветија бонус од 1.000 милијарди

7 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Акционерите во „Тесла“ го одобрија планот да го наградат директорот Илон Маск со бонус од 1.000 милијарда долари, ако успее да исполни неколку амбициозни услови. Маск веќе со години е најбогатиот милијардер во светот, богатството сега му е проценето на 460 милијарди, но со бонусот би станал првиот билионер во историјата.
  • Маск ја прифати одлуката, придружуван на сцената од хуманоидни роботи „Оптимус“. Тие уште не се во масовно производство, но милијардерот ги претставува како „иднина на компанијата и на човештвото“. Тврди дека ќе бидат применети насекаде, од домови и болници до затвори. 

Elon Musk: What we're about to embark upon is not merely a new chapter of the future of Tesla, but a whole new book and Optimus is a fundamental part of that

The scale of Optimus, like I said, that's really going to be something else

I think it's going to be the biggest product… pic.twitter.com/DKIbCnwSwN

— X Freeze (@XFreeze) November 6, 2025
  • Бонусот на Маск би го надминал БДП-то на Шведска, Ирска или на Аргентина. За да го освои, Тесла мора да достигне вредност од 8.500 милијарди долари (сегашната е 1.400) и да оствари приход од најмалку 400 милијарди долари четири квартали во низа.
  • Ќе мора во рок од една деценија да испорача 20 милиони електрични возила и 10 милиони целосно автономни, да продаде 1 милион „роботакси“ и уште толку хуманоидни роботи, кои се уште се во фаза на прототип.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
6

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зошто шефови и менаџери нејќат работење од дома?

Нешто нејасно?

Нови дечки во бандата на Менделeeв

Грк на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy