
Извршниот директор на Опен АИ, Сем Алтман, сериозно ги предупреди оние кои го користат ЧетГПТ за терапија или правно советување дека тајноста на разговорите не е заштитена со закон. Напротив, разговорите се снимаат и со судска одлука може да бидат претставени како доказен материјал на судски процес.
Алтман на подкастот на Тео Вон ја коментираше неочекуваната навика ЧетГПТ да се користи како личен психолог, иако креаторите не го развивале во таа насока. Поради недефинираната правна рамка, ОпенАИ не може спречи увид во целосната комуникација на корисниците со својот советник.
Луѓе му ги доверуваат на ЧетГПТ најчувствителни работи за својот живот. Младите особено го користат како терапевт. И ако потоа има тужба или што и да е, би можеле да бидеме обврзани да го доставиме тоа. И мислам дека тоа е многу погрешно, вели Алтман.
Поради тековната тужба поднесена од „Њујорк тајмс“, од Опен АИ се бара да води евиденција и за сите разговори, дури и оние што корисникот мисли дека ги избришал.
Поради ваквите проблеми Алтман бара да се уреди правна или политичка рамка за вештачката интелигенција. Тој ги споредува разговорите со ЧетГПТ со оние што луѓето ги водат со лекари, адвокати и терапвти, па не гледа причина зошто чет-ботовите со ВИ не би ги добиле истите привилегии на доверливост.
Постои доверливост помеѓу лекар и пациент, постои законска доверливост, што и да е. Мислам дека треба да имаме ист концепт на приватност за вашите разговори со вештачка интелигенција како што правиме со терапевт, додава Алтман.
Адвокати ги предупредуваат корисниците на алатки со ВИ добро да внимаваат пред да побараат правен совет.
Ако му давате увид во договори или барате стратегија, не добивате правен совет. Вие создавате докази што може да се пронајдат. Ја немате привилегијата на разговор помеѓу адвокат и клиент. Немате доверливост. Нема етичка обврска. Никој нема да ве заштити, предупредува адвокатката Џеси Банди.