
Трет месец по ред Нвидиа ги надминува очекувањата.
Аналитичарите очекуваа во трите месец до јули да продадат чипови во вредност од 46 милијарди долари. Продадоа 47 милијарди.
Главниот мотор на растот се нејзините нови Блеквел графички процесорски единици (GPU) со извонредна компјутерска моќ. Побарувачката е слична и за нејзините ВИ суперчипови, кои комбинираат два Блеквел процесора со процесор за општа намена. Имаат зголемување од околу 20% во однос на претходниот квартал, а заедно сочинуваат речиси 60% од вкупните приходи на компанијата.
Наречниците од Волстрит веруваат дека американскиот шампион за чипови наскоро би можел да вреди 5 трилиони долари, откако во јули стана првата компанија во светот вредна 4 трилиони долари.
Многумина веруваат дека Нвидиа е незапирлива. Но, наскоро би можела да се соочи со неочекуван противник. Тоа е американската електрична мрежа, систем кој во голема мерка со децении остана непроменет.
До неодамна, струјата не претставуваше ограничување за компјутерите. И покрај тоа што интернет сообраќајот порасна деветкратно помеѓу 2010 и 2020 година, вкупната потрошувачка на енергија на дата центрите остана иста, затоа што секоја нова генерација чипови беше поефикасна од претходната.
Вештачката интелигенција го смени тој тренд.
Вообичаен сервер кој не е наменета за вештачка интелигенција, користи околу 12 киловати електрична енергија. Но, кога станува збор за обука на големи јазични модели како оној зад ЧетГПТ, еден модул за вештачка интелигенција бара до 80 kW и околу 40 kW кога одговара на корисниците. Најновите, најбрзи полупроводници трошат значително повеќе од тоа.
Чиповите на Нвидиа, се најжедни за енергија. Еден Блеквел бара 1 киловат, три пати повеќе од неговиот претходник, Хопер. Нвидиа лансира комбинирани модули за кои се потребни 132 kW енергија. Покрај тоа, тука е и дополнителниот систем за ладење за да се спречи прегревање, што може да ја зголеми потрошувачката за уште 160 kW по „рак“.
Кога ќе се соберат сите бројки, дополнителните потреби за енергија изгледаат огромни. Ако Нвидиа продаде онолку колку што се проценува дека ќе продаде и ако само половина од тоа остане во САД, тоа би ја зголемило побарувачката за електрична енергија за дури 25 гигавати (GW). Тоа е речиси двојно повеќе од вкупното ново производство кое американските електрани го додадоа во 2022 година.
Се проценува дека до 2030 година САД ќе имаат дефицит на струја кој би можел да изнесува и 62 гигавата. Во моментов, во некоја фаза од изградба се капацитети за само 21 гигават.