Свет

Црна магија во кабинетот на Зеленски

Андриј Јермак, десната рака на Зеленски, редовно се консултирал со гатачка пред да назначува високи државни функцинери, објави специјалното обвинителство што го истражува корупцискиот скандал од десетици милиони долари. Јасновидката позната како Вероника „Фенг шуи“, според обвинителите, била главен гатач и гуру за црна магија во кабинетот на претседателот.

САД и Израел тргнаа во војна за да запалат судир меѓу Иран и Саудиска Арабија

Принцот Турки Ал-Фејсал, син на саудискиот крал и долгогодишен шеф на разузнавачката служба, тврди дека САД и Израел го нападнале Иран за да ја втурнат и Саудиска Арабија во конфликтот и да разгорат војна на двете најмоќни муслимански земји на Блискиот Исток. Во таква ситуација Иран би можел полесно да ги наметне своите интереси во регионот.

САД секој ден плаќаат по 3 милијарди долари камата на долгот

Министерството за финансии на САД во текот на оваа фискална година платило 628 милијарди долари нето камата за државниот долг од 39.000 милијарди долари. Тоа е во просек по 3 милијарди долари на ден. Буџетскиот дефицит, сепак, е намален, поради големиот прилив на средства од царините што Трамп им ги наметна на земјите во светот.

Американци враќаат државјанства, имигранти доброволно си одат дома

Соочени со поскапи трошоци и поларизирано општество рекорден број Американци лани се откажале од државјанството и се иселиле од САД. Заминуваат главно во Европа или во Мексико, каде што добиваат поволности за престој, а и можат да работат од далечина. Во исто време драматично се зголемил и бројот на имигранти што доброволно прифаќаат да заминат од САД.

Израелски воени хирурзи се обучувале на донирани тела на починати Американци

Дваесетина илјади Американци секоја година ги донираат своите тела за научни истражувања по смртта. Универзитет во Калифорнија ја злоупотребил довербата и отстапил десетици донирани тела за обука на хирурзи од странска земја, обвинета за масовни убиства на цивили. Ништо од ова не им било откриено на семејствата на донаторите. И притоа извлекле профит.

Зеленски: Корупција, кокаин и лакомост

„Зборувавме со поранешната прес секретарка на украинскиот претседател Владимир Зеленски. Она што го слушнав е шокантно“, вели највлијателниот американски подкастер Такер Карлсон за разговорот со Јулија Мендел која открива инсајдерски информации за тоа што се случува зад сцената на омилениот диктатор на Западот.

Палантир доби пристап до податоците на сите англиски пациенти

Американскиот информатички гигант Палантир, кој развива аналитички платформи за владин надзор врз граѓаните во САД и за воените потреби на Пентагон, официјално добил неограничен пристап до податоците на сите Англичани во Националниот здравствен систем. Пациентите не биле консултирани и не знаат кој се може да има пристап до нивните податоци.

Израел тивко го стега обрачот околу Палестинците на Западниот Брег

Додека вниманието на светската јавност е насочено на војната во Иран, израелските сили ја користат војната за да го засилат притисокот врз Палестинците на Западниот Брег, кои немаат никакви врски ни со Хамас ни со Хезболах ни со Техеран. Ги изолираат во населбите, а еврејските доселеници добија повик да се вклучат во „превентивен напад на сите арени“.

Војната во Иран веќе ја уништи пролетната сеидба

Со своите блокади на Ормускиот проток, Иран и САД веќе ја уништија пролетната земјоделска сезона на северната хемисфера. Дури и ако војната заврши сега, една третина од глобалниот извоз на азотно ѓубриво нема навреме да стигне до полињата. Последиците ќе се почувствуваат по неколку месеци, со поскапа храна за богатите и глад за милиони во сиромашните земји.

Фицо: САД ќе ѝ препродаваат руски гас на Европа

Словачкиот премиер Фицо го оцени како „идиотски“ планот на Европската Унија целосно да се откаже од увоз на нафта и гас од Русија. Тој тврди дека САД засилено инвестираат во енергетската инфраструктура во Европа, што ќе ги принуди европските земји повторно да купуваат руска нафта и гас, ама откако ќе поминат преку Американците, по многу повисоки цени. 

Британските ветерници лани ги зголемиле емисиите на ЦО2

Наспроти иницијативата на министерот Ед Милибанд за декарбонизација на индустријата, британските енергетски централи лани испуштиле поголеми емисии на јаглероден диоксид во споредба со претходната година. Масовно се инсталираат ветерници, но централите што трошат гас мора да се вклучат и кога нема ич ветер и кога го има премногу.

Војната со Иран ќе заврши кога ќе каже Нетанјаху

„Операцијата Епски бес е завршена“, објави пред една недела Марко Рубио. „Иран е воено поразен“, изјави Доналд Трамп. Но, се чини дека војната во Иран нема да запре сè додека Израел сака да војува. Нетанјаху вчера предупреди дека „работата не е завршена“ и претстави долг список услови, вклучувајќи и одземање на нуклеарните материјали на Иран, со договор или со сила.

Шведска ќе им става алки на деца за да ги извлече од криминал

Шведска воведува електронски алки за следење на деца за кои е утврден ризик дека може да бидат регрутирани од банди за да извршат кривични дела. Постојаното следење би овозможило да навремено да се спречат тешки злосторства, и воедно да се заштитат децата. Плус, од јули Шведска ја спушта границата за кривична одговорност на возраст од 13 години.

ЕУ ќе изгуби 370 милијарди евра ако се откаже од кинеска техника

Европската Унија ќе изгуби два свои годишни буџети ако го спроведе планот да се откаже од сите кинески технолошки компоненти, покажува нова студија. За наводно да ја зајакне кибернетската безбедност, Брисел наметнува политички критериуми за комерцијални одлуки, што е спротивно на принципите на ЕУ за еднаквост и недискриминација, се жали Пекинг.

Авторите на најцрните климатски сценарија признаваат дека претерале

Светското научно тело за климатски промени тивко ги отфрла своите најекстремни прогнози за апокалиптични последици од глобалното загревање. Дури откако сценариото беше цитирано во десетици илјади научни трудови и послужи како основа за економски и социјални стратегии, авторите признаваат дека проценките биле претерани и дека не може реално да се случат.

Германски ученици маршираат против регрутацијата

Десетици илјади германски ученици денеска ја бојкотираат наставата за да протестираат против новата владина политика за регрутација. Владата на канцеларот Мерц испрати прашалници до 206.000 млади дали прифаќаат воена служба. Пријавувањето е на доброволна основа, но ако не одговорат на прашалникот, се соочуваат со казна од 250 евра или може да бидат приведени.

Израел плаќа 730 милиони долари за да си го врати угледот

За да го врати својот углед во светот, урнат по геноцидот во Газа и војните во Иран и јужен Либан, Израел за четири пати го зголеми буџетот за „јавна дипломатија“. Издвои 730 милиони долари за лобирања и кампањи за ширење на влијанието во странство. Скептиците укажуваат нема пари што може да го исчистат угледот на Израел, неповратно уништен поради војните.

Конгресмени бараат САД да признаат дека Израел има нуклеарно оружје

Група конгресмени бараат администрацијата на Трамп да го прекине повеќедеценискиот молк и јавно да признае дека Израел има нуклеарно оружје, што е јавна тајна која Израел ниту ја признава ниту ја негира. Додека САД се во војна со Иран, Американците треба да знаат што поседува и што може да направи нивниот главен сојузник и да ги имаат предвид можните последици.

Шведска се откажува од поимот „исламофобија“

Почнувајќи од мај, шведската влада реши веќе да не го користи широко употребуваниот поим исламофобија затоа што пречесто се користи и за замолчување на оние кои легитимно ги критикуваат идеите и практиките на радикалниот ислам. Решија во иднина да се користи теминот „анти-муслимански расизам“

За богатите „Оданочете ги богатите!“ е говор на омраза

Милијардери со чии даноци се полни касата на Њујорк го оценија како опасно и загрижувачко видеото со кое градоначалникот Мамдани бара воведување даноци на втори луксузни домови. Стивен Рот бара слоганот „Оданочете ги богатите!“ да се третира како говор на омраза, бидејќи ги прикажува богаташите како зло што треба да се отстрани.

Неочекуван тонч од Саудијците за Трамп

Трамп објави дека го запира Проектот Слобода поради „голем напредок“ во напорите за мировен договор со Иран. Дипломатија секако имало, но вистинската причина за откажувањето била тоа што САД не можеле воопшто да ја спроведат операцијата. Саудијците, гневни поради ризикот од ескалирање, се заканиле дека ќе го затворат својот воздушен простор за американски авиони.

Трамп ја обвинува Европа дека е „инкубатор“ за тероризам

Елиминирањето на нарко-картелите на западната хемисфера останува највисок приоритет на администрацијата на Трамп. Но, во новата антитерористичка стратегија на Белата куќа се критикува и Европа, затоа што политиката за отворени граници и неконтролираниот прием на мигранти ја претвориле во финансиски, логистички и центар за регрутирање терористи.

Разнесувањето бродови во Карибите не го запре шверцот на дрога во САД

Трамп и Пентагон тврдат дека воените напади врз цивилни бродови во Карибите и Источниот Пацифик го намалиле за 97% шверцот на дрога во САД и дека спасиле животи на стотици илјади Американци. Конгресмени и експерти укажуваат дека ова се лаги со кои се доведува јавноста во заблуда и обид да се оправдаат незаконски убиства на речиси 200 цивили.

Мој је живот Швицарска, скоро па 10 милиони

Во јуни одат на еден од најбитните референдуми последниве години. Идејата на предлогот „Не за Швајцарија од 10 милиони“ е кога државата ќе дојде до цифра од 9,5 милиони, автоматски да стапат на сила строги лимити на имиграцијата, азилот, семејното спојување, работните дозволи и други форми на доселување. Моментално имаат 9,1 милион жители. Што би рекол швајцарскиот часовник: тик-так, тик-так....