
Емисијата „Џими Кимел во живо“ ќе биде прекината на неодредено време“, изјави портпаролот на мрежата во сопственост на Дизни. Причина е монологот на Кимел на своето шоуто во понеделникот, во кој коментираше дека движењето МАГА и претседателот Доналд Трамп лично настојуваат да добијат политички поени од атентатот.
Бандата МАГА очајно се обидува да го карактеризира ова дете кое го уби Чарли Кирк како сè друго освен едно од нив и прави сè што може за да освои политички поени од тоа, изјави Кимел.
За убиството на Кирк е осомничен Тајлер Робинсон, 22-годишен маж од семејство што поддржува републиканци, но кој според неговите најблиски во изминатата година се наклонил кон левицата, политички се радикализирал и прифатил про-геј и трансродови ставови (поради неговото момче). Неговите мотиви за атентатот сè уште не се утврдени.
Кимел во шоуто ѝ се потсмеваше и на реакцијата на претседателот Доналд Трамп по убиството, кој нареди спуштање на знамињата на половина копје во чест на Кирк.
Вака возрасен не тагува за убиство на некој што го нарекува пријател. Вака четиригодишно дете тагува за златна рипка, рече Кимел.
Not a big fan of Jimmy Kimmel, but if you think his show should be canceled for this, you’re a hack and a total fraud who should never pretend to care about free speech pic.twitter.com/FSiktbva6y
— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) September 17, 2025
Трамп, кој и порано имаше кавги со Кимел, оцени дека суспендирањето на шоуто е „одлична вест за Америка“.
Честитки до ABC што конечно има храброст да го направи она што мораше да се направи, напиша претседателот.
Брендан Кар, шефот на американското регулаторно тело за комуникации (FCC) изјави дека водителот на ABC покажал „најлошо можно однесување“ и го повика Дизни да преземе мерки. Кар ги нарече коментарите на Кимел „вистински болни“ и рече дека FCC има силни аргументи да ги смета Кимел, ABC и матичната компанија Дизни за одговорни за ширење дезинформации, бидејќи комичарот намерно се обидел да ја заведе јавноста дека атентаторот на Кирк бил десничарски поддржувач на Трамп.
Ова е многу, многу сериозно прашање во моментов за Дизни, рече Кар во подкастот на Бени Џонсон. Можеме да го направиме ова на лесен или на тежок начин. Овие компании можат да најдат начини да преземат акција против Кимел или ќе има дополнителна работа за FCC. Радиодифузерите имаат лиценца доделена од FCC и тоа носи обврска да работат во јавен интерес.
Еснафот на писатели на Америка (WGA) ја осуди одлуката за отстранување на Кимел од етер како кршење на уставните права за слобода на говорот.
Срам да им е на оние во владата кои ја забораваат оваа темелна вистина, соопшти синдикатот на Холивуд.
Лице запознаено со ситуацијата на Кимел изјави за CNBC дека водителот не е отпуштен, туку дека раководителите на мрежата имале намера да разговараат со комичарот за тоа што треба да каже кога ќе се врати во етер.