Свет

Мосад скрил дронови во коли до Техеран

Нападот врз Иран бил овозможен од тајна операција на израелската тајна служба Мосад, која изградила база за дронови длабоко на непријателска територија, близу Техеран. Од далечина биле активирани проектили скриени во приватни возила. Кога борбените авиони летнале од Израел со проектилите, небото над Иран веќе било исчистено од противвоздушна одбрана.

К'смет во седиштето 11А

Навистина е големо чудо како британскиот патник го преживеал уривањето на авионот во Индија, но тоа нема врска со местото во кое седел во кабината, тврдат експерти. Едноставно имал к'смет. Исто како и стјуардесата на ЈАТ Весна Вуловиќ, која пред половина век преживеа пад од десет километри. Чудото од Индија сепак ќе поттикне многу патници да го резервираат седиштето 11А.

ВИ ги растурила брокерите од Вол стрит

Специјален модел на вештачка интелигенција, нахранет со јавно достапни финансиски податоци и  анализи, управувал портфолија поуспешно отколку 93% од искусните брокери на Вол стрит и од тргувања би заработил десетици милиони долари повеќе. Има и квака. Ако инвеститорите од Вол стрит решат целосно да се префрлат на машини со ВИ, ќе се израмни просторот за натпревар. 

Базите дански, командата американска

Данскиот парламент конечно го усвои Договорот за одбранбена соработка со САД, кој им дава право на Американците да имаат воени бази, да распоредуваат војници и да складираат воена опрема на данска територија. Ова не важи за Гренланд, на кој Трамп одамна му фрли око и сака да го присвои. Данската опозиција реагира дека договорот е „продажба на националниот суверенитет“.

САД ги чистат електраните од зелените ограничувања на Бајден

Американската Агенција за заштита на природата бара да бидат укинати ограничувањата за емисии на стакленички гасови што администрацијата на Бајден им ги наметна на електраните на јаглен и природен гас. ЕПА тврди дека мерките прават штета на енергетската индустрија од милијарди долари годишно. Климатските активисти возвраќаат дека штетата од загадувањето ќе биде многу поголема.

Внесуваме Албанци во Англија. Цена во иМбокс

Албански шверцери со луѓе се промовираат на социјалните мрежи нудејќи безбедно префрлање мигранти во Британија. Наплаќаат по 4.000 фунти за да ги протнат мигрантите преку „задната врата“, користејќи ја меката граница помеѓу Ирска и Британија. Други организираат транспорт со авиони, бродови или камиони или им помагаат како да побараат азил или да најдат работа на црно.

За работа „на државно“ се бара лојалност кон Трамп

Администрацијата на Доналд Трамп го отфрли досегашниот систем на „еднаквост, правичност и инклузивност“ за пополнување на работните места во федералните служби и најави дека ќе вработува според заслуги. Кандидатите за вработување во државна служба ќе се соочат со нов предизвик: добро да ги научат приоритетите на политиката на претседателот и да се усогласат.

Порторико сака да ѝ се врати на Шпанија

Јакне иницијативата Порторико, кој официјално е американска територија, да ѝ се врати на Шпанија, која го изгуби во војната со САД во 1898 година. Порториканците немаат претставници во Конгресот и право да гласаат на избори. Веруваат дека повеќе би просперирале како дел од Шпанија, со социјалната и здравствена заштита и програмите за развој што ги нуди Европската Унија. 

Целото злато на светот ни е под нозе

Златото е вредно затоа што е практично неуништливо. Научници ги открија најголемите резерви, стотици илјади пати поголеми од сето злато што е ископано досега. Буквално ни се под нозете. Тоа е добрата вест. Лошата е дека не можеме да стигнеме до него затоа што е стопено во јадрото на Земјата. Помалку лошата е дека самото извира на површината, но премногу бавно за да нè збогати.

За руските тајни служби Кина е непријател

Претседателот Владимир Путин јавно говори за „непоколебливо“ пријателство со Кина и за „златна ера на стратешката воена и економска соработка“. Службата за внатрешна безбедност во исто време ја смета Кина за „непријател“ со потенцијални „територијални претензии“ што тргнал во разузнавачка офанзива, покажува документ што протекол од ходниците на поранешната КГБ.

Холандија: Нека јадат куршуми

Министерството за одбрана на Холандија објави план за користење на 1.000 хектари земјоделско земјиште за одбранбени цели. Ваквата одлука за дополнително милитаризирање на Холандија се правда со моменталната глобална безбедносна ситуација и хроничниот недостаток на простор во земјата. Земјоделци стравуваат дека на многумина од нив ќе им биде загрозена егзистенцијата. 

Украина и ЕУ се тепаат околу руските пари

Се вжештува битката за близу 300 милијарди евра што ѝ се заробени на Русија во Европа поради санкциите. Путин предупредува дека нема да преговара за мир додека не ѝ бидат вратени на Москва. Украина ги сака за себе, како воени репарации и за обнова на земјата и војската. Европската Унија сепак им даде приоритет на западни инвеститори што изгубиле бизниси во Русија.

Трамп и Маск ја спукаа за сите пари

Сеирџиите предвидоа, чекаа и дочекаа. Претседателот Трамп и милијардерот Маск веднаш штом ја прекинаа врската од интерес се спукаа со лични навреди и политички обвинувања. Со гнасотии, лудаци, епштајни, импичменти, дијагнози, сè до тесли и вселенски бродови. Кој знае колку тешко им било да се воздржуваат во 129-дневното пријателство. Давајте од тоа пуканките.

Времето ја гази Конвенцијата за човекови права

Првиот човек на Советот на Европа ги прифаќа критиките дека Европската конвенција за човекови права по 75 години мора да биде обновена. Девет европски земји протестираа дека Конвенцијата ги ограничува националните политики и спречува депортација на криминалци. Британските конзервативци тврдат дека таа сега се користи како „меч што удира врз демократијата и здравиот разум“.

Глобалната ковид реакција беше глобална утка

Првиот голем и сеопфатен преглед за глобалната реакција на пандемијата на ковид-19 потврдува многу слабости: Се манипулирало со дефиниции, модели и статистики за да се доведат луѓето во заблуда и да се принудат на мерки наметнати од политичари. Главната поука за во иднина е да се охрабрат различни научни мислења, а не да се цензурираат научниците што скршнуваат од наративот.

Отворена истрага кој бил главен пред Трамп

Доналд Трамп ѝ нареди на администрацијата да спроведе истрага за постапките на Џо Бајден како претседател, за да се утврди дали некој од неговите најблиски помошници го прикривал неговиот нарушен когнитивен капацитет и го злоупотребувал за да потпишува документи во негово име. Ако тоа биде потврдено, ќе се создаде основа за поништување на низа одлуки на Бајден.

Само една земја е способна самата да се нахрани

Ако по некој случај се воведат тотални трговски бариери, една единствена земја во светот произведува доволно храна од седумте основни видови за да може да го прехрани своето население, покажува ново истражување. Шест земји се апсолутно зависни од увоз на храна. Ние сме некаде во златната средина. Ниви и бавчи имаме за орање, но од каде ни риба кога си немаме море?

Папата ќе го истерува ѓаволот од ВИ

Главната обврска на папите е да ја штитат католичката доктрина и да им помогнат на верниците да се соочат со предизвиците. Во духот на своето време, новоизбраниот папа Лав ќе настојува да ги заштити ранливите од „повикувањето на демонот“ и „создавањето дигитален Бог“, како што Илон Маск неодамна го опиша ризикот од неодговорен развој на вештачката интелигенција. 

Гнасен крај на пријателството на Маск и Трамп

Не се чекаше многу Маск да распали по Трамп откако ја напушти Белата куќа. Милијардерот го нападна клучниот закон за даноци и трошоци на својот довчерашен пријател како „одвратна гнасотија“ поради претераното кревање на дефицитот. Најави и политичка одмазда: Ги повика Американците да не гласаат за „предавници“. Всушност Маск е фрустриран зашто му се загрозени бизнисите.

82% од Евреите во Израел се за геноцид во Газа

Огромно мнозинство од еврејските Израелци би сакале сите Палестинци да бидат протерани од Газа, покажува ново истражување. Речиси секој втор (47%) нема ништо против да бидат убиени сите Палестинци во Газа. Авторот на анкетата спроведена кај 1.005 Евреи од Израел тврди дека ова не е одраз само на терористичкиот напад на Хамас пред две години, туку било системски негувано.

Шведска толерирала посвојување грабнати деца

Независна комисија побара од Шведска да ги забрани посвојувањата деца од други земји и јавно да им се извини на илјадниците жртви на меѓународна трговија со деца. Властите во Стокхолм со децении не реагирале, иако имале информации дека меѓу „сирачињата“ што се прифаќаат во Шведска имало и грабнати деца од сиромашни семејства во Азија, Латинска Америка и Европа.

Чистењето на CO2 од воздухот нема никаков ефект врз климата

Новата зелена индустрија е на пат до крајот на годинава да отстрани повеќе од 1 милион тони CO2 од атмосферата. Тоа се чини како голем успех, но во реалноста нема никакво влијание врз климата. За да се постигне некаков ефект, чистењето мора да биде илјадници пати побрзо. Тешко, бидејќи ни компаниите што поставија сопствени климатски цели не вложуваат во технологиите. 

Еднаквоста ја победи зелената агенда на Макрон

Француските пратеници изгласаа да бидат укинати Зоните со ниски емисии, воведени во 2019 година заради намалување на ситните честички што го загадуваат воздухот во големите градови. Никој не е против чист воздух, но пратениците тврдат дека воведените регулативи се дискриминаторски кон посиромашните граѓани што не можат да си дозволат нови автомобили. 

Сојузниците на Киев ѝ помагаат на Русија да ја финансира војната

Дел легално и дел со заобиколување на забраните за извоз, Русија се уште им продава гас и нафта на западните земји што ѝ воведоа санкции и со заработените стотици милијарди ја финансирала војната во Украина. Нови податоци укажуваат дека европските сојузници на Киев ѝ дале три пати повеќе пари на Русија за нафта и гас отколку што издвоиле како помош за Украина.