Бизарен предизборен молк за мигрантите во Келн

Германските партии од мејнстримот постигнаа бизарен договор целосно да се воздржат од критики за мигрантите во кампањата за изборите во Келн. Тоа практично значи молк за главните проблеми, како невработеноста и криминалот. Изолирана е само десничарската АфД. Самоцензурата всушност е на сила уште од 2017 година. Новото е што ЦДУ не може да го издржи молкот.

Таканаречениот „фер“ договор, постигнат на иницијатива на здружението „Келнска тркалезна маса за интеграција“ ги обврзува речиси сите партии во Германија - ЦДУ, СПД, Зелените, ФДП, Левица и Волт -  да не ги поврзуваат мигрантите и бегалците со негативните социјални случувања како невработеноста или заканите за внатрешната безбедност во кампањата за локалните избори во Келн в сабота. 

Партиите потпишани на договорот за праведност имаат голема причина да молчат за имиграцијата. Токму во Келн во озлогласените новогодишни напади на преминот кон 2016 година многу жени беа масовно сексуално нападнати од Сиријци и други мажи од Блискиот Исток - од кои повеќето неодамна пристигнаа во земјата.

Локалниот естаблишмент ги згусна редовите за да спречи целосната слика да биде откриена пред јавноста. Полицијата инсистираше дека сторителите биле „тешки за идентификување“. 

Договорот за фер игра всушност е постигнат во 2017 година, не за да се спречат негативни прикази на мигрантите, туку негативните прикази на мејнстрим партиите. Наместо да се справат со проблемите предизвикани од неконтролираната миграција - како растечката и неинтегрирана исламска енклава во Келн и чувството на културна дислокација во град во кој доминира катедралата од 12 век - естаблишментот одлучи да ја замолчи целата дебата, пишува Сабине Беплер-Шпал за Спајкд. 

Тоа ја направи десничарската Алтернатива за Германија единствената релевантна партија во изборната кампања во Келн што се справува со негативните аспекти на имиграцијата. АфД не била ни консултирана за иницијативата. АфД имаше низок рејтинг во градот, но сега двојно го зголеми и според анкетите може да очекува поддршка од двоцифрен број гласачи.

Тактички е глупаво да не се решаваат проблемите и да ѝ се остават на АфД. Нашите партии се толку глупави што не ја гледаат тактичката неповолност и толку се малоумни што не гледаат дека самите ја оштетуваат нашата демократија со тоа што не сакаат да зборуваат за важни прашања, оцени политикологот Вернер Пацелт за Билд. 

Изборите ги отворија првите пукнатини во политичкиот блок на етаблирани партии. ЦДУ стави потпис на документот, но сега е обвинета дека го прекршила договорот со дистрибуција на летоци против плановите за центар за прием на 500 бегалци во Северна Рајна-Вестфалија. Тркалезната маса за интеграција инсистира да се спречи каква било дискусија за објектот за бегалци.

Критиката е апсурдна. ЦДУ не сака да разгорува антибегалски расположенија, но во овој момент ние едноставно веруваме дека објект од оваа големина е погрешен, изјави лидерот на ЦДУ од Келн, Серап Ѓулер.

11 септември 2025 - 16:45