Нов обид на Брисел да црпне од запленетите руски милијарди

Како што на Киев и на ЕУ им снемуваат пари, Брисел разгледува нов „креативен“ начин како да црпне од замрзнатите руски средства за да ги финансира воените напори на Украина. Брисел би ги претворил запленетите средства во еврообврзници. Западот веќе најде правна рамка за да ги заплени каматите генерирани од руските средства, но настојува да зема пари и од капиталните суми.

Речиси 200 милијарди евра руски средства беа замрзнати по целосната инвазија на Москва врз Украина во февруари 2022 година. Поголемиот дел од средствата ги држи Euroclear, финансиска институција со седиште во Брисел.

Новиот предлог за заменување на запленетите средства со обврзници на ЕУ во Брисел се опишува како „правно креативен“ и се смета дека може да ослободи голем прилив на дополнителни средства за воените напори на Киев без технички да се експроприраат самите руски средства, што би било правно ризично. Со замена на готовината за краткорочни обврзници на ЕУ, Комисијата верува дека ќе избегне обвинувања за запленување на парите. 

Според функционери запознаени со ова прашање, претставниците на Комисијата им ја предложиле идејата на заменик-министрите за финансии зад затворени врати во Брисел во четвртокот. За предлогот имало „претпазлив ентузијазам“, но не биле постигнати никакви договори ниту биле преземени обврски.

Сите доспеани средства што ги поседува Euroclear мора да се префрлат на депозитна сметка кај Европската централна банка, што носи камата на чуваната готовина. ЕУ досега ја користеше генерираната камата за да го отплати својот дел од заемот на Г7 од 45 милијарди евра за Украина, кој наскоро ќе биде целосно исплатен.

Сега кога на Украина ѝ снемуваат пари, Комисијата предложи да се користат тие парични депозити во ЕЦБ за финансирање на „Заем за репарација“ за поддршка за обнова на земјата разурната на војната. 

Украина ќе го врати заемот само откако Русија ќе ги плати репарациите. Парите ќе ѝ помогнат на Украина уште денес, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент на во говорот за состојбата на Унијата во средата.

Остануваат многу пречки пред планот да стапи на сила, особено затоа што националните гаранции бараат едногласност. Белгиската влада и Euroclear постојано предупредуваат дека користењето на средствата за издавање заем може да предизвика правни проблеми.

******
За претходните обиди: Прашање од 300 милијарди долари: Што со замрзнатите руски пари?
Година ќе пројде, мерак на запленети руски пари никогаш

13 септември 2025 - 13:29