Година ќе пројде, мерак на запленети руски пари никогаш

Во најновата итерација на „да ги потрошиме запленетите руски пари“, Европската комисија размислува на префрлање на руски имот со цел да се поддржи заемот за Украина од 45 милијарди долари.

ЕК разгледува како на белгиски Еуроклиар да му дозволи да искористи од замрзнатите руски пари што ги чува кај себе за да го заштити заемот од 45 милијарди евра за Украина, од потенцијална одмазда од Москва.

Овој потег е последна мерка што ЕУ ја има на располагање како начин за да му надомести на Еуроклиар за загубите што ги трпи во Русија заради почитување на западните санкции.

Поборниците тврдат дека оваа мерка дополнително ќе ја засили повеќестраната операција, во која профитот генериран од 200-те милијарди евра руски пари што Еуроклиар ги држи кај себе ќе се искористи за исплаќање на заемот од Г7 на Украина.

Стравот на Еуроклиар е дека руските судови и држава ќе ги запленат парите што клирингот ги чувал во Русија пред почетокот на војната, и ќе ги искористи за обесштетување на лицата и компаниите чии пари се запленети од Еуроклиар.

Овие пари им припаѓаат на западни финансиски институции и бизниси на кои Еуроклиар им ја гарантирал безбедноста на парите во Русија, кои ќе можат да покренат постапка за барање оштета од Еуроклиар. За да се заштити од овие расходи, Еуроклиар резервира 10% од профитот генериран од замрзнатите руски пари во посебен фонд.

Една друга линија на размислување смета дека е поисплатливо да се искористи дел од основните руски средства за директно покривање на побарувањата, без разлика што тоа е спротивно на меѓународните закони. Опасноста е дека таквиот потег ќе ја намали довербата во еврозоната како безбеден финансиски центар и еврото како резервна валута.

1 ноември 2024 - 15:03