Ковеши наведе три главни фактори што ја поткопуваат работата на институцијата: хроничен недостиг на финансиски средства, доцнење во ревизијата на правната рамка на организацијата и бирократијата која води до „бесконечни дискусии за тоа како да им се отежни животот на обвинителите“.
Тоа, според анонимен извор на Политико, ѝ овозможило на претседателката на Европската комисија две години да избегнува сведочење за аферата Фајзергејт. Урсула фон дер Лајен е осомничена за корупција, судир на интереси и уништување на СМС-преписка додека со Алберт Бурла, извршниот директор на „Фајзер“ договарала купување вакцини против ковид. Истрагата ја почна Белгија, а Европското јавно обвинителство ја презеде во 2024 година.
Во интервју за „Политико“ пред да ѝ заврши мандатот, главната обвинителка избегна директно да ја спомне Фон дер Лајен и одби да коментира конкретни истраги, но признава дека е постигнат мал прогрес за „Фајзергејт“, бидејќи функционери на ЕУ одбиле да се одзват на повиците од нејзината канцеларија.

Се соочуваме со тешкотии при спроведувањето на нашата надлежност, особено кога во истрагата се вклучени важни личности – било да се тоа истакнати политичари или богати поединци поврзани со политичката класа... Некои политичари сметаат дека се над законот. Ако сте повикани да дадете изјава, мора да дојдете, вели обвинителката.
Европското јавно обвинителство, кое е оперативно од 2021 година, има задача да го искорени криминалот поврзан со фондовите на ЕУ. Како раководител на оваа институција, Ковеши изјави дека се соочила со постојани за поткопување на институцијата и нејзината работа. Според неа, најголемиот предизвик со кој ќе се соочи нејзиниот наследник, германскиот обвинител Андрес Ритер, ќе биде да го одржи EPPO „независно и кредибилно“.
Загрижена сум дека EPPO ќе биде тивко елиминирано токму затоа што си ја врши работата, предупредува Ковеши.
******
Види и: Урсула виновна за сите точки од „Фајзергејт“