- Европската комисија постапила незаконски кога одбила да ги објави текстуалните пораки што претседателката Урсула фон дер Лејен ги разменувала со директорот на „Фајзер“, Алекс Бурла во врска со купувањето вакцини за ковид, пресуди Врховниот суд на ЕУ.
- „Комисијата не може да тврди дека не ги поседува документите што ги побарале новинарите без да даде веродостојни објаснувања, кои на јавноста ќе ѝ овозможат да разбере зошто тие документи не може да се пронајдат“, наведува Судот.
- Њујорк тајмс, кој ја покрена тужбата, поднел релевантни и доследни докази што укажуваат на постоење на текстуални пораки помеѓу претседателката на Комисијата и генералниот директор на „Фајзер“ во врска со набавката на вакцини. Весникот дознал за пораките во 2021 година при интервју со Бурла. Кога ѝ биле побарани документите, Европската комисија одговорила дека „не е во состојба да ги обезбеди“.
- Пресудата е сериозен политички удар за Урсула фон дер Лејен, која и порано беше критикувана дека ја задушува транспарентноста во извршното тело на ЕУ.
- „Ова е голем поен за транспарентноста. Луѓето сакаат и имаат право да знаат како се донесуваат одлуки. Тоа е суштинско во демократијата. Дури и кога се прави и со СМС-порака“, изјави холандската европратеничка Ракеле Гарсија Хермида ван дер Вале.
- Најмалку 12 луѓе загинаа и десетици се повредени во верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија.
- Во услови на исклучително густа магла во 7 часот наутро, близу клучката „Зимница“ имало два верижни судари – едниот во правец кон Бургас, а другиот во спротивната насока кон Софија.
- Се судриле повеќе од 86 автомобили, камиони и автобуси. Некои се запалиле.
- Десет лица загинале на место, а уште две починале при транспорт до болница.
- Најмалку 48 повредени луѓе биле префрлени во болниците во Јамбол и Сливен, некои во тешка состојба, изјави министерката за здравство Катја Ивкова.
- Во операцијата за извлекување патници од возилата и укажување итна помош се ангажирани и припадници на воените сили, со хеликоптери и транспортни авиони.
- По победата на партијата „Die Linke“ (Левица) на изборите во Берлин, започнаа коалициски преговори за планот за преземање на над 160.000 приватни станови (претежно во сопственост на компанијата Воновија) во јавна сопственост, со компензација ограничена на 16 милијарди евра.
- Левичарите се повикуваат на уставната одредба за „поопштествување“ но планот се соочува со жесток отпор од инвеститорите и најавата на канцеларот Фридрих Мерц за забрана на овој потет на федерално ниво.
- „Домувањето е човеково право и ние сакаме да го одземеме од канџите на шпекулантите,“ изјави левичарската кандидатка за градоначалничка на Берлин.
- Изборните победници се обидуваат да состават влада со идеолошки блиските Социјадемократи и Зелените а конзервативците ги обвинуваат за антисемитски ставови и блиски врски со кругови кои оправдуваат тероризам.