Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Стармер ќе ја признае Палестина кога ќе замине Трамп

18 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Британскиот премиер Кир Стармер официјално ќе ја признае Палестина за држава на крајот од неделава, откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја заврши посетата на Обединетото Кралство.
  • Стармер денеска ќе се сретне со Трамп во својата резиденција во Чекерс, северно од Лондон. Не сака да ја оптовари заедничката прес-конференција со признавањето на Палестина, на кое САД категорично се спротивставуваат и го оценуваат како „награда за Хамас“.
  • Британија идната недела ќе учествува на состанокот во Генералното собрание на ОН, на кој заедно со Франција, Канада, Австралија и други земји колективно ќе ја признаат Палестина.
  • Стармер го најави признавањето уште во јули, но остави простор да се откаже ако во меѓувреме Израел го прекине огнот во Газа, ако се посвети на решението „две држави“ и ако ги прекине плановите за анектирање на окупираниот Западен Брег.
извор

Депортација за Махмуд Калил во Сирија или Алжир

18 September 2025
  • Share
  • Post
  • Судија за имиграција во Луизијана нареди пропалестинскиот активист Махмуд Калил, да биде депортиран во Сирија или Алжир поради тоа што во апликацијата за зелена карта не ги пријавил своите врски со Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) и со активистичката група Апартхејд дивест, која се залага за економски бојкот на Израел.
  • Неговите адвокати имаат право на жалба до 12 октомври, но очекуваат да биде одбиена. 
  • Калил, Палестинец со потекло од Сирија и со легален статус на постојан жител на САД, беше уапсен во март во Мехнетн и три месеци беше во притвор во Луизијана, врз основа на закон од 1952 година, кој дозволува „отстранување странски државјани со потенцијално сериозни негативни последици за надворешната политика на САД“. Не беше обвинет за кривично дело.
  • Тој привремено беше заштитен со одлука на федерален суд во Њу Џерси, кој нареди блокирање на барањата за депортација сè додека се разгледуваат неговите аргументи дека притворот бил „незаконска казна за неговото застапување на Палестинците“.
  • Калил тврди дека го замолкнуваат поради критиките за геноцидот во Газа. „Не е изненадување што администрацијата на Трамп продолжува да ми се одмаздува поради тоа што го остварувам правото на слобода на говорот“.
извор

Трамп ја прогласува Антифа за терористичка група

18 September 2025
  • Share
  • Post
  • Доналд Трамп објави дека ќе го прогласи радикалното левичарско движење Антифа за „голема терористичка организација“, иако тоа е легално комплицирано.
  • Антифашистичкото движење во САД не е централизирано, туку опфаќа повеќе екстремни левичарски групи што се насочени против фашизмот и неонацизмот и кои организираат демонстрации и протести.
  • Статусот на терористичка група овозможува правно гонење на оние што ѝ даваат финансиска и материјална помош.
  • Како домашен ентитет, Антифа не може да биде вклучена на списокот терористички организации на Стејт департментот. Нема ниту еден американски еквивалент, бидејќи организациите во САД се заштитени од Првиот амандман на Уставот. Закон за домашен тероризам не е усвоен, наспроти низата иницијативи, особено по масовни пукања.
  • Трамп повика Антифа да биде прогласена за терористичка група и во 2020 година, кога беа протестите поради убиството на Џорџ Флојд. Тогашниот директор на ФБИ, Кристофер Реј, пред Конгресот изјави дека Антифа е идеологија, а не организација, бидејќи нема хиерархиска структура.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Сите пријави со кои Росица го пријавувала насилството од Илија

2

Зошто бе се летате?

Балканштина
3

Ова е автогол на голман, а не она со Елмас

Фудбал
4

Кина не планира да запре

Забава
5

А наивни мислат дека може да им погодат

Забава
6

Плачем јер нисам камен

Забава
7

Бугарска будалаштина на стопер од 60 метри

Фудбал
8

Темната страна на медитацијата

Занимливости
1

Сите пријави со кои Росица го пријавувала насилството од Илија

2

Темната страна на медитацијата

Занимливости
3

Што ќе ѝ е на Данска офанзивно долгострелно оружје?

4

Џими Кимел исклучен од етерот

Свет
5

Комисијата на ЕУ призна дека одобрила непроверени вакцини

Свет
6

Од „Бен енд Џери“ остана само Бен

Свет
7

ФБИ го следел и Кирк при истрагата за Трамп

Свет
8

Епстин го пречека Трамп во Виндзор

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Зошто бе се летате?

Македонштина

Во Прилеп да се изнавози човек точак

Македонштина

Ете македончето како го замислува отпорот

Балканштина

Одобрено од Грунф

Македонштина

Метропола ни на небо ни на земја

Балканштина

Ако не прашаш, како ќе знаеш?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Квентин Тарантино: „Ме депримира кога некој гледа мој филм на телефон“

Добро е, оставил телефон

Луѓе, јас се одјавувам

Срцки непрофитни

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy