Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп ја прогласува Антифа за терористичка група

18 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Доналд Трамп објави дека ќе го прогласи радикалното левичарско движење Антифа за „голема терористичка организација“, иако тоа е легално комплицирано.
  • Антифашистичкото движење во САД не е централизирано, туку опфаќа повеќе екстремни левичарски групи што се насочени против фашизмот и неонацизмот и кои организираат демонстрации и протести.
  • Статусот на терористичка група овозможува правно гонење на оние што ѝ даваат финансиска и материјална помош.
  • Како домашен ентитет, Антифа не може да биде вклучена на списокот терористички организации на Стејт департментот. Нема ниту еден американски еквивалент, бидејќи организациите во САД се заштитени од Првиот амандман на Уставот. Закон за домашен тероризам не е усвоен, наспроти низата иницијативи, особено по масовни пукања.
  • Трамп повика Антифа да биде прогласена за терористичка група и во 2020 година, кога беа протестите поради убиството на Џорџ Флојд. Тогашниот директор на ФБИ, Кристофер Реј, пред Конгресот изјави дека Антифа е идеологија, а не организација, бидејќи нема хиерархиска структура.

извор

Стармер ќе ја признае Палестина кога ќе замине Трамп

18 September 2025
  • Share
  • Post
  • Британскиот премиер Кир Стармер официјално ќе ја признае Палестина за држава на крајот од неделава, откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја заврши посетата на Обединетото Кралство.
  • Стармер денеска ќе се сретне со Трамп во својата резиденција во Чекерс, северно од Лондон. Не сака да ја оптовари заедничката прес-конференција со признавањето на Палестина, на кое САД категорично се спротивставуваат и го оценуваат како „награда за Хамас“.
  • Британија идната недела ќе учествува на состанокот во Генералното собрание на ОН, на кој заедно со Франција, Канада, Австралија и други земји колективно ќе ја признаат Палестина.
  • Стармер го најави признавањето уште во јули, но остави простор да се откаже ако во меѓувреме Израел го прекине огнот во Газа, ако се посвети на решението „две држави“ и ако ги прекине плановите за анектирање на окупираниот Западен Брег.
извор

Што ќе ѝ е на Данска офанзивно долгострелно оружје?

17 September 2025
  • Share
  • Post
  • Данска првпат во својата историја ќе купи офанзивно долгострелно прецизно оружје, иако не е директно загрозена од ниту една земја.
  • „Воздушната одбрана не е доволно цврста и мора да се надгради за да гаѓа цели на голема далечина и да се бори против заканите од непријателски проектили“, изјави премиерката Мете Фредериксен.
  • Таа потврди дека моментално нема никаква конкретна закана за нејзината земја, но додаде: „Нема сомневање дека Русија ќе биде закана за Данска и за Европа во годините што доаѓаат“.
  • Министерот за одбрана Троелс Поулсен не кажа колку точно Данска ќе потроши на долгострелно оружје и какви системи ќе купи. Според весникот Берлингске, најочигледните опции се проектилите „страјк“ за данските ловци „ф-35“ или норвешките JSM.
  • Членката на НАТО пред една недела објави дека ќе потроши 9,2 милијарди долари на противвоздушни системи произведени во Европа. Тоа е најголемата одбранбена инвестиција во историјата на Данска.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Сите пријави со кои Росица го пријавувала насилството од Илија

2

Зошто бе се летате?

Балканштина
3

Кина не планира да запре

Забава
4

Ова е автогол на голман, а не она со Елмас

Фудбал
5

Бугарска будалаштина на стопер од 60 метри

Фудбал
6

Плачем јер нисам камен

Забава
7

А наивни мислат дека може да им погодат

Забава
8

Темната страна на медитацијата

Занимливости
1

Сите пријави со кои Росица го пријавувала насилството од Илија

2

Темната страна на медитацијата

Занимливости
3

Што ќе ѝ е на Данска офанзивно долгострелно оружје?

4

Од „Бен енд Џери“ остана само Бен

Свет
5

Комисијата на ЕУ призна дека одобрила непроверени вакцини

Свет
6

Џими Кимел исклучен од етерот

Свет
7

Епстин го пречека Трамп во Виндзор

8

ФБИ го следел и Кирк при истрагата за Трамп

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Зошто бе се летате?

Македонштина

Во Прилеп да се изнавози човек точак

Македонштина

Ете македончето како го замислува отпорот

Балканштина

Одобрено од Грунф

Македонштина

Метропола ни на небо ни на земја

Балканштина

Ако не прашаш, како ќе знаеш?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Интервјуто што ќе ве занеми

За кое сте?

Хармоника жичара

Кончита и контроверзноста на женската брада

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy