Две години затвор за Лидија Димова
18 September 2025
- Основниот кривичен суд Скопје ѝ изрече казна од две години затвор на Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување.
- Димова треба во рок од шест месеци да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари (околу 370 000 евра) на Националната агенција, да плати судски паушал од 10.000 денари и да ги покрие судските трошоци.
- Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, ја ослободи Димова за делото измама.
- Според обвинителството, Димова како овластено лице во периодот од 2018 до 2020 година работела спротивно на Законот за јавни набавки и на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Не објавила конкурс и ги дискриминирала потенцијалните кандидати, овозможувајќи повластување на повеќе надворешни лица со кои склучила поединечни договори и ги ангажирала како соработници, експерти и обучувачи.