- Судија за имиграција во Луизијана нареди пропалестинскиот активист Махмуд Калил, да биде депортиран во Сирија или Алжир поради тоа што во апликацијата за зелена карта не ги пријавил своите врски со Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) и со активистичката група Апартхејд дивест, која се залага за економски бојкот на Израел.
- Неговите адвокати имаат право на жалба до 12 октомври, но очекуваат да биде одбиена.
- Калил, Палестинец со потекло од Сирија и со легален статус на постојан жител на САД, беше уапсен во март во Мехнетн и три месеци беше во притвор во Луизијана, врз основа на закон од 1952 година, кој дозволува „отстранување странски државјани со потенцијално сериозни негативни последици за надворешната политика на САД“. Не беше обвинет за кривично дело.
- Тој привремено беше заштитен со одлука на федерален суд во Њу Џерси, кој нареди блокирање на барањата за депортација сè додека се разгледуваат неговите аргументи дека притворот бил „незаконска казна за неговото застапување на Палестинците“.
- Калил тврди дека го замолкнуваат поради критиките за геноцидот во Газа. „Не е изненадување што администрацијата на Трамп продолжува да ми се одмаздува поради тоа што го остварувам правото на слобода на говорот“.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.