Off Course

Истрага на ЕУ против Грок: Секс, лаги и видеа

Европската комисија отвори истрага за Грок поради загриженост дека алатката за вештачка интелигенција на Илон Маск им овозможува на корисници да прават сексуализирани слики од фотографии на вистински луѓе. Ако се утврди дека е прекршен Законот за дигитални услуги, Брисел може да ја казни компанијата со 6% од нејзиниот глобален годишен промет.

Развојот на ВИ стигна до опасен ѕид

Експерти што важат за „кумови“ на вештачката интелигенција се убедени дека индустријата стигнала пред точка во која нагло ќе запре во развојот. Од ударот во ѕид може да ги заболи главата инвеститорите, кои вложуваат илјадници милијарди во бизнисот со очекување дека напредокот стабилно ќе продолжи со сегашното темпо.

Љубезeн однос ја тера ВИ да халуцинира

Корисниците што инстинктивно се трудат да бидат учтиви кон ботовите со вештачка интелигенција нема да добијат искрени одговори. Љубезниот однос ја поттикнува ВИ да халуцинира и да измислува одговори само за да го задоволи клиентот, покажува нова студија. Престрогите прашања даваат негативни, но искрени одговори.

Британија го гони Грок поради алатката за соголување

Британскиот медиумски регулатор Офком отвори истрага против четботот Грок на Илон Маск за да утврди дали со алатката за сексуализирање на лица врз основа на фотографија ја прекршува обврската за заштита на корисниците од злонамерна содржина. Британија го обвинува Маск одвратно загрозување на приватноста на луѓето, а тој неа за цензура и фашизам.

Не му кажувајте сè на ЧетГПТ

Иако ЧетГПТ е програмиран да им се „упикува“ на корисниците за да ја освои нивната доверба, тоа никако не значи дека ќе молчи „до гроб“ за приватните детали што луѓето несвесно ги споделуваат. Колку и да звучи како пријател, лесно ќе накодоши човек што му доверува лични податоци, шифри, здравствени и финансиски состојби и што и да е нелегално. 

ЧетГПТ не издржа долго без реклами

Откако за три години го прошири ЧетГПТ до речиси милијарда луѓе, Опен АИ сега планира како да ги покрие своите загуби од десетици милијарди долари годишно, секако на штета на корисниците. Следејќи го примерот на Гугл, компанијата на Сем Алтман развива нов тип на дигитално рекламирање, прилагодено на интересите на корисниците. 

Машините нè тепаат и во поезија

Експерт од Дојче банк направил необичен тест со модел со вештачка интелигенција. Го поставил во улога на жири за да пресуди која од две песни е поубава – една напишана од човек или друга од ВИ, а потоа и да одреди која е чија. Се разочарал кога изгубил во натпреварот. Но, многу повеќе го здоболело објаснувањето. 

Хакери симнаа 86 милиони песни од Спотифај

Хактивисти од Anna's Archive симнале 86 милиони песни од најпопуларната платформа Spotify, со цел да ги споделат бесплатно на интернет и на тој начин „да ја зачуваат светската музика“ ако по некој случај исчезнат услугите за стриминг. Кој сака да ја симне целата архива и да ја чува дома, ќе му треба брза интернет врска и хард-дискови од 300 терабајти.

Грок ќе им биде наставник на милион ученици во Ел Салвадор

Откако стана првата земја во светот што овозможи плаќања со криптовалути, Ел Салвадор сега го ангажира четботот Грок на Илон Маск во наставата за повеќе од 1 милион деца во повеќе од 5.000 јавни училишта. Алатката со ВИ ќе се прилагоди на капацитетите на секој ученик за да му помогне да го совлада материјалот.

Предизвиците на вештачката интелигенција

Дали е исправно неколкумина исклучително моќни луѓе да ја обликуваат иднината на човештвото без никаков демократски надзор? Дали целта на револуцијата на вештачката интелигенција е едноставно да ги направи многу богатите уште побогати и помоќни, или оваа револуционерна технологија ќе се користи во корист на целото човештво?

Појака ВИ значи поголема закана од кибертероризам

Трката за развој на вештачка интелигенција го менува општеството во реално време, генерално за добро - но и злонамерните добиваат моќна алатка. Некои од најголемите опасности од ВИ, како што се нападите врз инфраструктурата, се веќе реални и треба да се создаде соодветна заштита, тврди нобеловецот Демис Хасабис, извршени директор на Google DeepMind.

Хакирање ВИ со поезија

Откриен е едноставен начин како да се пробие заштитата на јазичните модели со вештачка интелигенција да даваат одговори што се надвор од строгите рамки за безбедност. Истите барања што вообичаено ги одбива, ВИ ќе ги прифати само ако прашањата ѝ се срочени во стихови, како поезија. На оваа финта паднале сите јазични модели, особено „попаметните“.

Грок: Маск е попаметен од Да Винчи и посилен од Тајсон

Грок го фали својот творец како да е супермен. На прашања од корисници, ботот со ВИ одговарал дека Илон Маск е еден од десетте најголеми умови во историјата, најдуховит на светот, а по физичката спремност може да се споредува со олимпиец. Иако нарцисоидниот Маск веројатно навистина го мисли тоа за себе, тврди дека Грок бил испровоциран за да дава такви одговори.

И Безос влезе во бизнисот со ВИ

Џеф Безос релативно доцна реши да навлезе подлабоко во бизнисот со вештачка интелигенција, кој се чини дека веќе е презаситен. Издвои неколку милијарди за новиот проект Прометеј. Партнер му е физичар и хемичар со искуство во развој на ВИ за биолошки истражувања. Се нагаѓа дека нивните ботови нема да муабетат со корисници, туку ќе им бидат асистенти на научници.

Мече со ВИ учи мали деца на големи бељи

Кадифеното мече Кума, играчка со вградена вештачка интелигенција, е повлечено од продажба откако на деца им давало совети што не се за деца – како да палат кибрит и поттикнувало разговори за врзување партнери и други сексуални фетиши. Мечето е повлечено од продажба, но не е регулирано користењето ВИ во популарните играчки од новата генерација.

Ако храниш ВИ со ѓубре ќе добиеш ѓубре

И вештачката интелигенција покажува симптоми на „гниење на мозокот“, како што е дефинирано затапувањето на луѓето зависни од бескрајно прегледување на тривијални содржини без вредност на социјалните мрежи. Моделите со ВИ не се способни да расудуваат, но исто како и луѓето збудалуваат кога се хранат со вакви содржини и даваат лоши информации дури и по чистењето.

Кинески робот за секое семејство

Кинески стартап претстави нов напреден и евтин хуманоиден робот со вештачка интелигенција за домашна употреба. Името му е Буми, може да прави салта и да танцува, но главната цел му е да подучува деца на програмирање. Далеку е од андроидите од научно фантастичните филмови, но може да го сметате за „Дејвид“ од филмот „АИ“ на Стивен Спилберг, само нарачан од Тему.

ЕУ: Фејсбук и Инстаграм имаат „темни шеми“ за корисниците

Платформите на компанија Мета ги прекршиле европските закони, наметнувајќи им на корисниците неефикасен систем за жалби со цел да ги обесхрабри да пријавуваат нелегални содржини, како сексуална злоупотреба на деца или промовирање тероризам. Ако не ги поправи грешките, калифорниската компанија ќе мора да плати казна од 6% од глобалниот приход.

Кумовите на ВИ: Запрете ја суперинтелигенцијата!

Стотици влијателни ликови, пионери во создавањето на вештачката интелигенција, професори, верски лидери и естрадни ѕвезди потпишаа отворено писмо во кое категорично бараат да запре трката за развој на суперинтелигенција. Тие бараат научен консензус за механизми што ќе гарантираат дека машинските умови попаметни од луѓето нема да го загрозат човештвото.

Атлас го предизвикува Хром

Опен АИ го претстави својот веб-прелистувач со вештачка интелигенција Атлас, со кој планира да ја загрози доминацијата на најпопуларниот браусер Хром на Гугл. Атлас ја користи платформата на ЧетГПТ и има само поле за пребарување и дијалог, без препознатливата лента за адреси при врвот. Од вчера е достапен за инсталирање само на оперативниот систем MacOS на Apple.

Охајо со закон ќе забрани брак со четботови

Американската сојузна држава Охајо е првата што покрена законска процедура за забрана на трендот на венчавање со модели со ВИ, со кои корисниците развиваат романтични врски. Законот ги дефинира јазичните модели како бесчувствителни ентитети, кои немаат право да бидат личности и затоа не можат да застанат пред олтар, дури ни дигитален.

Уште ова фалеше: ЧетГПТ порно

Опен АИ ќе им овозможи на полнолетни корисници да ЧетГПТ да креираат „еротски содржини“, со помош од вештачката интелигенција. Ако се возрасни, тогаш нека имаат пристап до содржини за возрасни, објаснува шефот Сем Алтман. Всушност почнува натпревар со моделот Грок на Илон Маск, кој може да ја загрози доминацијата на порнографските содржини на интернетот.

Како Тикток ги управува корисниците?

Алгоритмот на платформата Тикток користи создава бесконечен поток од хиперперсонализирана содржина за да го задржи вниманието на корисниците, кое преоѓа во постојано скролање и предизвикува зависност. Независно истражување на Вашингтон пост го следелo развојот на оваа зависност од првиот ден па до шест месеци. Заклучокот е: избришете ја апликацијата.

ВИ помага, но може да ви отвори и дупло работа

Вештачката интелигенција масовно навлегува во компаниите за да го намали трудот на луѓето и да им ја зголеми продуктивноста, но лошата или површна употреба на алатките им создаваат многу повеќе проблеми на работниците. Треба да го препознаат секој воркслоп, да го поправат и да го преработат, на што непотребно ги трошат работното време и нервите, а фирмите губат пари.