Го фатија Антропик како шпионира Кинези

Американскиот гигант за вештачка интелигенција Антропик и кинескиот Алибаба почнаа пресметка како шпионски трилер од времето на Студената војна. Притоа била користена стара разузнавачка техника на стеганографија. Накратко: Крадецот ја фати својата жртва како поставува алатка за прислушување и сега се претставува како жртва.

Антропик призна дека во својот напредна алатка за програмирање Claude Code поставил таен код со кој ги следел сите корисници што не се приклучени на матичниот систем, главно во Кина. Целта на кодот била да се потврдат сомневањата дека кинеската компанија Алибаба изградила мрежа од лажни корисници за да ги копираат способностите за расудување на Claude и со нив бесплатно да обучуваат кинески конкурентски модели.

Алибаба веднаш им забрани на своите 200.0000 вработени да ги користат моделите на Антропик и од 10 јули ги обврзува да ја користат домашната алатка Qoder.

Инженерот Тарик Шихипар, потврди дека тракерот бил додаден во Claude Code како „експеримент“ во март. Според Шихипар, кодот „имал за цел да спречи злоупотреба на сметки од неовластени препродавачи и да заштити од дестилација“. Кодот бил итно отстранет откако беше откриен од независни истражувачи на 30 јуни.

Уфрлањето на агентот поминало незабележано три месеци. Од 2 април Anthropic вградил скриен код за детекција во секоја копија од Claude Code. Кодот ја проверувал временската зона и се активирал ако корисничкиот систем е поставена од Шангај на исток до Урумчи на запад. Ги скенирал кинеските корпоративни мрежи, главно на Alibaba, ByteDance, Baidu и Moonshot AI.

Кодот не испраќал нормален сигнал назад до серверите на Антропик, туку користел стеганографија – техника од военото разузнавање, со која ги криел наодите во генерираниот текст. Заменил знаци од Уникод - како апострофи или цртички, со многу слични, кои окото на корисникот не може да ги разликува.

Но ова било само реакција на претходниот напад од Кина. Три недели пред да биде откриен неговиот шпионски код, Антропик ја обвини лабораторијата Qwen на Алибаба дека ја води најголемата кампања за кражба на модели со ВИ во историјата. Во текот на 44 дена од 25.000 лажни сметки биле испратени 28,8 милиони барања за користење на Claude Code. Сите биле дизајнирани да ги копираат способностите за расудување на моделот и бесплатно да обучат конкурентски кинески модел.

Тоа им овозможува на Кинезите преку свои копии практично да препродаваат пристап до моделите на Антропик. Нов и бесплатен модел со ВИ од кинеската компанија Жипу АИ неодамна беше оценет како подобар во пронаоѓањето на компјутерски ранливости од моделот Claude Opus 4.8 на Антропик.

8 јули 2026 - 14:14