Софтверот Иницијатива за способност на модели (MCI), за следење на секое движење на вработените ќе биде инсталиран на работни процеси со апликации и веб-страници и повремено ќе ја снима содржината на мониторите, се вели во интерен меморандум на Мета.
Целта, според документот, е сите движења и снимки да се употребат како подацоци за обука на моделите на вештачка интелигенција, за да го реплицираат начинот на комуникација на луѓето со компјутерите.
Сите вработени во Мета ќе помогнат со тоа што едноставно ќе ја извршуваат својата секојдневна работа, пишува во документот.
Мета планира да отпушти 10% од својата работна сила глобално почнувајќи од 20 мај и планира дополнителни големи намалувања подоцна оваа година. Конкурентот Амазон во изминатите неколку месеци отпушти 30.000 вработени, што претставува речиси 10% од вкупниот персонал.
Технолошкиот директор Ендру Босворт во посебен документ ги предупредил вработените дека компанијата ќе го засили собирањето внатрешни податоци, како дел од иницијативата Забрзана трансформација на агенти (ATA).
Визијата кон која се стремиме е нашите агенти со ВИ да работат, а нашата улога е да ги надгледуваме, да ги насочуваме и да помогнеме да се подобрат, истакнува Босворт.
Портпаролот Енди Стоун, потврди дека податоците собрани преку MCI нема да се користат за проценки на перформансите на вработените или за која било друга цел, освен за обука на модели со ВИ. Тој додаде дека се воспоставени мерки за заштита на чувствителна содржина и на приватноста, но не кажа детали.
Федералните закони на САД дозволуваат надзор на работниците. Единствениот услов е да бидат уредно информирани. Во повеќето европски земји тоа е строго забрането. Во Германија е дозволено со судски налог, кога има сомневања за тешко кривично дело.