
Со децении, сложените модели за климатски промени укажуваа дека глобалното ниво на морето значајно се зголемува.
Рецензирана студија во Journal of Marine Science and Engineering, „Глобална перспектива за локалните промени на нивото на морето“, покажува дека моделите целосно погрешиле.
Холандскиот инженер Хесел Вортман и истражувачот Роб де Вос измериле дека од 2020 година, светското зголемување изнесува само околу 1,5 милиметри годишно - далеку помалку од 3 мм до 4 мм годишно, како што рутински се објавува во научната литература и општите медиуми.
Тие разгледале вистински податоци (од просечно еден век набљудувања) на 150.000 крајбрежни локации низ планетата за да утврдат дека покачувањето на нивото на морето овој век веројатно ќе биде околу 15,2 сантиметри, исто како и минатиот век.
Компјутерските модели предвидуваа раст од 30 до дури 90 сантиметри и тоа во медиуми беше повторувано до изнемоштеност.
Дополнителна доверба во последниве наоди на Холанѓаните влева фактот што оваа нивна студија не е финансирана од „добронамерни“ грантови туку од свој џеб.
**********
Ви текнува на Големиот корален гребен? Потсетете се во:
Приказна за еко-овчарчето и климатскиот волк