Живот и забава

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

Што би правеле мигранти во англиско село ако нема бордел?

Поранешната конзервативна пратеничка Едвина Кари го сврте вниманието на британската јавност со нејзините коментари и предлози во врска со најавата дека во едно рурално место во Англија ќе бидат сместени преку илјада млади машки баратели на азил. Сосема сериозно Кари предложи да им се понуди и јавна куќа, и за нивно и за општо добро на околината.

Премостување на сообраќајниот хаос

Сообраќајниот хаос во пренаселените индиски градови се чини нерешлив проблем. Улиците не можат да се прошируваат а да не настане хаос, да се копа метро е бавно, скапо и дополнително ќе ја влоши ситуацијата додека „работите се во тек“. Им текнало да го решат проблемот како што отприлика го решава Спајдермен.   

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Суеверни градоначалници го кочат растот на Кина

Кинеските локални заедници со суеверни градоначалници имаат послаби економски резултати за просечно 2% во споредба со другите општини, покажува нова студија. За да ги прилагодат урбанистичките планови кон правилата од фенг шуи, блокираат инвестиции, поништуваат градежни проекти, па дури и уриваат згради.

Фаучи го криел од јавноста ризикот од мРНК вакцините за бремени жени

Докторот Ентони Фаучи изјавуваше пред јавноста дека мРНК-вакцините против ковид-19 се апсолутно безбедни за бремени жени, иако знаел дека го зголемуваат ризикот од спонтан абортус во текот на првиот триместар. Сериозните ризици биле потврдени во приватна дискусија со двајца високи соработници, покажуваат новообјавени пораки од неговиот службен телефон.

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Локалната власт во градот Кембриџ потроши милионска сума за серија јавни вецеа со концепт чучавци. Направено е тоа за да се задоволеле некои специфични културолошки преференци на дел од туристите кои го посетуваат градот. Локалците сега мрчат затоа што треба да платат за да чучнат. 

Црквите губат верници, но добиваат повеќе пари

Стотици илјади верници секоја година ги напуштаат католичките и протестантските цркви во Германија, но црквите сепак добиваат повеќе пари од задолжителните даноци. Зголемувањето на просечните плати и прогресивниот даночен систем значат дека намалениот број регистрирани верници секоја година издвојуваат повеќе пари за црквата.

Подемот и падот на лажливиот професор од Кембриџ

Џејсон Ардеј стекна светска слава кога беше назначен за најмладиот црн професор во историјата на Универзитетот во Кембриџ. Сега поднесе оставка поради плагијат на докторатот. Факултетите се уловиле на неговата приказна дека научил да пишува на 18 години, а на 30 веќе докторирал, па го промовирале како успешен пример за „различност“ без да проверат дали можеби ги лажел.

Создадени сосема нови вируси дизајнирани од ВИ

Во лабораторија во Калифорнија се создадени првите целосно функционални вештачки вируси дизајнирани од вештачка интелигенција, скроени да се хранат со бактерии. Новите типови вируси, кои ги нема во природата, не можат да заразат луѓе или животни, но истражувачи предупредуваат на ризикот од злоупотребување на технологијата за да се создадат смртоносни биолошки оружја.

Нов хируршки зафат врз фетус спасува бебиња од големи маки

Хирурзи во Тексас успеале со нов тип зафат да спасат неродено бебе на кое поради редок феномен цревата му растеле надвор од телото. Со експериментална и минимално инвазивна хирургија успеале да му ги вратат органите во абдоменот пред да се роди. Оваа аномалија денес се третира со повеќе постнатални операции и со повеќемесечен престој на интензивна нега.

Мексикански Бетмен врзува крадци по бандери

Самопрогласен борец против криминалот во мексиканската држава Халиско ги лови крадците на точаци и мотори и ги остава врзани за бандери, со натписот „крадец“ на нивните чела. Наместо да ги лови крадците, полицијата почна да го лови одмазникот, кој во заедницата доби статус на локален суперхерој. Никој не му го открил идентитетот.

Одамна потонати бродови се важен рудник за науката

Бродовите што потонале пред 1945 година се редок извор на метал што не е контаминиран од атомските експлозии. Нивниот челик не остава сопствени траги во експериментите со радијација и затоа се користат како изолација и материјал за инструменти за денешните најчувствителни лаборатории за мерење на зрачење во бункери под карпи од 2 километри.

И воздухот е „невидлив рудник“

Човештвото одамна совладало техники на копање руди и експлоатирање течности како основни блокови на цивилизациите. И воздухот е „невидливо злато“, укажува нобеловецот за хемија Сусумо Китагава. Неговата пионерска технологија на метално-органски рамки отвора потенцијал за сепарација на полезни материјали од воздухот, но не може сега да се реализира затоа што е скапа.

Птиците пеат со осум основни „ноти“

И покрај огромната разновидност, песните на птиците ширум светот се изградени од само осум основни акустични елементи, покажува истражување на огромна архива од снимки на над 3.000 песнопојки. Студијата објаснува зошто птиците што живеат во тропските шумите пеат поинаку од оние по полињата вегетација, но песните главно се наследуваат од генерација на генерација.

Сакаат да го скротат Ел Нињо со побели облаци над Пацификот

Предупредувањето од ОН дека годинешниот Ел Нињо во Пацификот ќе има екстремен интензитет дојде како порачано за научниците кои развиваат теории за геоинженеринг. Предлагаат да ги осветлат облаците над океанот за да фрлаат подебела сенка и да ја спуштат температурата. Тврдат дека краткорочната мерка би била поефикасна од глобалните напори против загревањето.

Американските старци се изборија за право на журка

Домовите за стари лица најмалку од се треба да бидат она на што прво асоцираат – соби во кои се самува и заедничка дневна со вести на телевизор пуштени на најјако и болничари што проверуваат дали секој си ја испил терапијата. Баба од Минесота водеше битка до Сенатот за да ги направи домовите повесели места. Пред една недела наздрави со гувернерот.

Мамурлак од горештини

Кога ќе удрат екстремните летни горештини, луѓето се пазат од сончаница и пијат вода, но треба да останат претпазливи и во следните неколку дена, откако температурите ќе почнат да опаѓаат. Додека телото не се опорави од стресот, страда од мамурлак од топлотен бран – вртоглавица, замор и исцрпеност. Во тој период треба да се избегнуваат физички активности и тешка храна.

Науката им најде оправдание на мрзливите

Способноста на луѓето да извршуваат повеќе работи во исто време се цени како трудољубивост и како знак за интелигенција. Науката сега објаснува дека мрзата сама по себе не e лоша особина, туку е еволутивно развиена способност да се игнорираат сите задачи за кои од вложениот труд и време не може да се извлече полза за телото, умот и благосостојбата.

Владата ќе ги учи Американците да готват

Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор има нов рецепт како Американците да бидат повторно здрави. Владата ќе им понуди иницијативи за да ги научи како самите да готват, ќе организира курсеви и едукативни кујни и ќе им нуди рецепти за брзо подготвување оброци со здрави состојки наместо да се дебелат со ултрапреработена брза храна.

Млади, не пушат, здраво се хранат, а почесто имаат рак на бели дробови

Исхраната богата со овошје, зеленчук и интегрални житарки долго време се смета за темел на одржувањето на здравјето и намалувањето на ризикот од болести, вклучително и рак. Сепак, ново истражување покажува дека млади Американци кои здраво се хранат и не пушат имаат натпросечна веројатност да развијат рак на белите дробови.

Дрон против комарци може да спаси милиони животи

Автономен дрон кој со стопроцентна гаранција ги уништува комарците може да биде решавачкото оружје во вечната борба против инсектите што пренесуваат маларија и разни други заразни болести. Важи за поефикасен од разните запрашувања, спрејови, светилки и механички тепалки, а воедно не претставува ризик за околината, дури ни за другите инсекти.