Годините можат да се слушнат

Знаците на стареење не се видливи само на лицето, кожата или косата. Се чини дека трагите од стареењето ги носиме и во нашиот глас, а научниците сега сметаат дека начинот на кој зборуваме би можел да стане едноставен и неинвазивен показател за процесот на стареење. Само 30 секунди снимен говор даваат изненадувачки многу информации за возраста на една личност.

Во студијата учествувале 6.979 возрасни лица на возраст од 40 до 70 години кои зборуваат хебрејски. Научниците анализирале кратки гласовни снимки и користеле модели за машинско учење во потрага по обрасци што се менуваат како што старееме. Во просек, моделот ја проценувал возраста со маргина на грешка од околу четири години за жените и околу 4,4 години за мажите.

Гласот не е само резултат на активноста на гласните жици. Говорот бара координирано дејство на респираторниот систем, гркланот, мускулите и нервниот систем – а сите тие претрпуваат промени поврзани со стареењето.

Со текот на годините, еластичноста на ткивата, мускулната сила и невромоторната контрола можат да се променат, оставајќи многу суптилни траги во карактеристиките на гласот. Овие промени може да бидат премногу мали за човечкото уво да ги забележи, но компјутерските модели можат да ги препознаат.

На основа на резултатите, авторите изработи своевиден „часовник на стареење“ нарeчен Voice Age.

Во друго истражување на истата тема биле забележани побавен говор, подолги паузи и промени во артикулацијата и сложеноста на говорот. И тие наоди ја поткрепуваат идејата дека гласот еден ден би можел да послужи како едноставен дигитален биомаркер за физичкото стареење.  

 

17 септември 2026 - 11:00