Паркинсоновата болест е состојба која се карактеризира со тремор, мускулна ригидност и проблеми со рамнотежата. Предизвикана од уништување на невроните во деловите од мозокот одговорни за фино подесување на моторната контрола, тоа е болест која прогресивно се влошува со текот на времето.
Истражувачите постигнаа голем напредок во раното дијагностицирање на болеста и одложување на појавата на симптомите но лек нема а во деталното разбирање на механизмите зад болеста сè уште има многу празнини.
Досега постоеше добра причина да се мисли дека помага никотинот: невротрансмитерот ацетилхолин работи во рамнотежа со допаминот - невротрансмитер произведен од невроните кои се губат кај Паркинсоновата болест. А никотинот ги стимулира истите рецептори кои реагираат на ацетилхолинот.
Сепак, никотинот не е единствената биоактивна хемикалија што пушачите ја апсорбираат во големи концентрации.
Јаглерод моноксидот е уште еден двостран токсин со чудна мешавина од смртоносни и терапевтски ефекти. Со заземање на местото на кислородот во црвените крвни зрнца, во високи дози може да ги задуши нашите ткива. Но, нашите тела исто така генерираат мали количини од ова едноставно соединение за да сигнализираат имунолошки одговори и да ги заштитат клетките од оксидативен стрес.
„Јаглерод моноксидот има антиинфламаторни ефекти и во мозокот помага да се спротивстави на клеточниот стрес“, објаснува Тони Пичер, истражувач за епидемиологија на Паркинсоновата болест. „Постои потенцијал лицата со повисоки внатрешни нивоа на јаглерод моноксид да бидат поспособни да се борат против воспалителните процеси и подобро да го одржуваат здравјето на мозокот.“
Откако се потврди дека хроничното пушење е поврзано со помал ризик од Паркинсонова болест, истражувачи од Оксфорд открија дека повисоките нивоа на јаглерод моноксид измерени во здивот на луѓе кои никогаш не пушеле, исто така, корелираат со намален ризик.
Студијата за влијанието на јаглерод моноксидот врз намалениот ризик за Паркинсонова болест ја имате овде.