Топењето на мразот на Гренланд продолжува да се намалува во изминатите пет години и веќе се вратило на нивото од пред 1920 година, кога речиси воопшто немаше глобални климатски промени предизвикани од индустријата, покажуваат новите податоци за изминатата хидролошка година од септември до август.
Во овој период, всушност било забележано мало зголемување на ледената маса за околу 6 гигатони. Тоа е незначителна количина, имајќи предвид дека не постои начин за директно мерење на промените на ледената покривка, па бројките се добиваат преку компјутерски модели во кои се внесуваат податоци за врнежите и температурата. Експертите признаваат дека во овие пресметки честопати може да постои отстапување и до 100 гигатони.
На Гренланд годинава практично немаше лето. Топењето обично почнува на почетокот на јуни, но студеното и снежно време на островот се задржа сè до длабоко во јули. Како резултат, летното топење е за околу 200 гигатони помало од вообичаеното. Научниците објаснуваат дека студеното лето на Гренланд било последица на млазниот тек кој го донесе и жешкото лето во Европа. Додека во континенталниот регион температурата на воздухот соборуваше рекорди, над Атлантикот се задржа дождливо време, кое го погоди Гренланд.
Сепак, јасно дека ледената покривка на Гренланд е во добра состојба. Сè уште е многу поголема отколку што била во поголемиот дел од изминатите 10.000 години, а ако воопшто се намалува, тоа се случува со брзина која не е поголема од онаа пред еден век.

Студија од 2021 година ги пресмета годишните промени на масата на ледената покривка почнувајќи од 1840 година. Графиконот потврдува дека ледената покривка губи маса уште од 1980-тите години. Но, топењето почнало уште во 1900 година. Во периодот од 1920 до 1970 година, губењето на мраз се одвивало со слично темпо како и во последните три децении, бидејќи температурните записи од Гренланд покажуваат дека тогаш било исто толку топло колку што е и денес. Во меѓувреме, во 1970-тите и 1980-тите години, дошло до значителен пад на температурите.
Тоа значи дека ова не е феномен туку природен циклус од многу подолг процес. Научниците утврдија дека 19-тиот век веројатно бил најстудениот период на Гренланд уште од Леденото доба. За време на топлите периоди, како што се Средниот век или Римското Царство, ледената покривка била помала отколку денес.
Од друга страна, Европската Унија во извештајот „Состојба на климата во Европа 2025“ предупредува дека ледената покривка изгубила 139 гигатони, што е 1,5 пати повеќе мраз од сите глечери на Алпите и придонело за кревање на површината на морето за 0,4 милиметри.
Иако овие податоци на прв поглед се чинат застрашувачки, со сегашната стапка на топење би требало да поминат 27.000 години додека Гренланд не го изгуби својот вечен мраз.