Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Спречен обид на пилот да урне патнички авион во Израел

30 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Тепачка на двајца пилоти во кабината на патнички авион што летал кон Тел Авив можела да предизвика општ хаос на Блискиот Исток, згора на актуелните војни.
  • Израелските власти ги истражуваат извештаите дека еден од пилотите, за кој се верува дека е Русин, се обидел да изврши самоубиство со уривање на авионот. Другиот пилот, за кој се верува дека е Украинец, го бодел колегата со нож за да го спречи уривањето. Снимки од патниците сведочат дека тепачката била „крвава“.

ЕДИТ: Други извори тврдат дека пилотите биле од Емиратите и од Оман.

  • За пресметката сведочат и податоците од летот дека авионот за неколку секунди се спуштил за околу 4.000 метри.

  • Авионот на „Флајдубаи“ со стотина израелски патници скршнал кон Саудиска Арабија и пилотите објавиле лажна тревога за „општа вонредна состојба“, а потоа и за „незаконско мешање“, што е класична тревога за киднапирање.
  • Израелските власти итно го затвориле воздушниот простор и активирале борбени авиони. Премиерот Нетанјаху свикал состанок на воените команданти.
  • Авионот безбедно слетал на аеродромот Табук во Саудиска Арабија. Израел испратил друг авион за да ги врати патниците во Тел Авив. „Инцидентот е под контрола и во моментов се преземаат сите мерки за безбедно враќање на израелските патници во Израел“, соопшти Канцеларијата на премиерот.
извор

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

14 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Трите најголеми италијански мафијашки групи формирале нов сојуз, кој ја засилил соработката со албанската мафија за трговија со дрога. „Најновите истраги открија стабилни и стратешки односи меѓу организации од Калабрија со Албанците“, изјави Никола Пјаченте, главниот обвинител на Џенова.
  • Сицилијанската Коза ностра, калабриската Ндрангета и неаполската Камора ја препознале штетата од меѓусебните војни и формирале сојуз „Хидра“ за да го зголемат профитот од своите криминални активности, без да ја жртвуваат автономијата.
  • „Јасно е дека исчезнуваат историските разлики меѓу мафијашките организации, дури и во трговијата со дрога“, заклучува во нов извештај националниот обвинител за борба против мафијата, Џовани Мелил.
  • Проширена е и соработката со криминални групи од Кина за меѓународни исплати преку паралелен систем за трансфер на пари познат како „хавала“.
  • Парите од шверц на дрога од Јужна Америка ги перат преку инвестиции во градежништво, фирми за управување со отпад и супермаркети.
извор

Берлин им ја прошири моќта на шпионските служби

14 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Бундестагот го одобри контроверзното проширување на овластувањата за германските разузнавачки служби, претворајќи ги од пасивни во активни алатки за борба против закани.
  • Службата за надворешно разузнавање (BND) и за внатрешна безбедност (BfV) досега беа ограничени на собирање и анализа на информации, кои ги проследуваа до полицијата.
  • BND сега ќе има право да врши хакерски напади за да спречи кибернетски закани од странство.
  • Агенти на BfV ќе можат тајно да упаѓаат по домови за да монтираат уреди и софтвер за прислушување и надзор, да манипулираат со апарати и да неутрализираат оружја. Агентите нема да смеат да користат насилни методи, а апсењата ќе останат во надлежност на полицијата.
  • Министерот за внатрешни работи Александар Добринт го опиша законот како „реформа на векот“. Тврди дека на Германија ѝ се потребни посилни разузнавачки служби за да се соочи со зголемените закани од тероризам и непријателски хибридни напади од други држави.
  • Опозициските партии од десницата и левицата оценија дека широките овластувања всушност ќе создадат нови тајни полициски сили, кои може да се споредат со Штази или Гестапо. Овие партии, како и групи за граѓански слободи најавија дека го обжалат законот пред Федералниот уставен суд.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

2

Не се закачајте со Гоца

Балканштина
3

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина
4

Волк на скромна македонска софра

Разно
5

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

6

На некој да не му фали Волво?

Македонштина
7

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

8

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
1

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

4

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Русија бара Финска да замине од НАТО

7

Договорен историски самит Си-Трамп-Путин во Кина

8

Изборот на единствен лидер е невозможна мисија за Европа

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Македонштина

Одамна не сме имале ЈАК виц

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

А сега, забари, слушајте ваму

Да ве запознаеме со Драги Црни

Аиии!

Летвичката за пијанство е подигната

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy