Verfassungsschutz, како што се нарекува домашната агенција за заштита на Уставот и Bundesnachrichtendienst - БНД (Федерална разузнавачка служба за надворешно разузнавање, се предмет на различни форми на правен и парламентарен надзор. Тие можат тајно да собираат информации но немаат полициски овластувања - на пример, не можат да уапсат никого.
Од друга страна, тајните служби можат да спроведуваат тајни операции како што се паравоени мисии, саботажи, хакирање и уништување на компјутерски системи, пропаганда и тајна поддршка за партии и поединци во странство. Ова широко ги отвора вратите за провокации и манипулации.
Строгата поделба на полицијата и разузнавачките служби беше наметната од победничките сојузнички сили по Втората светска војна со цел да се спречи повторување на Хитлеровото Гестапо (Тајна државна полиција), кое шпионирало, апсело, мачело и убивало комунисти и други политички противници на нацистите, како и Евреи и други малцинства. Оваа поделба оттогаш се третираше како уставен принцип.
На БНД не ѝ се дава „дозвола за убивање“; нејзините мерки не треба да бидат „намерно насочени против животот на поединците“. Но, во иднина, оперативците на БНД, персоналот на Бундесверот (вооружените сили) и федералните полицајци ќе имаат право, на пример, да носат оружје во странство без експлицитно овластување.
Новиот законодавен пакет значително ја проширува моќта за собирање и оценување на податоци. Во иднина, тајните служби ќе можат да користат вештачка интелигенција за анализа на огромни количини на податоци - вклучително и снимки од јавни и приватни камери за видео надзор. Периодите на чување се продолжуваат, тајните онлајн пребарувања и надзорот на приватни домови се прошируваат.
Надзорот врз тајните служби ќе го врши Независниот совет за надзор, создаден во 2022 година. Се состои од шест судии со долгогодишно искуство во федералните судови и е обврзан со строга тајност. Парламентарниот надзорен панел, составен од членови на сите партии во Бундестагот, ќе продолжи да постои, но ќе биде одговорен само за „политички“ надзор. Ова значи дека нема да дознае речиси ништо за работењето на тајните служби.
Здружението за граѓански права, чии членови вклучуваат истакнати правни научници, го смета законскиот пакет за неуставен во голем дел.
„Се руши строгата поделба помеѓу разузнавачките служби (кои само набљудуваат, а не дејствуваат), и полицијата која подоцна се вмешува, се урива“, се вели во нивното соопштение GFF.
Новите правила водат до „политизација“ на разузнавачките служби и будат желби за сè повеќе нови оперативни овластувања, бидејќи сè повеќе „празнини“ можат да се најдат и да се искористат за да се оправдаат наводните потреби за интервенција, сметаат тие.