Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Видоески: Институции строги кон формата, попустливи кон суштината

4 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Актуелни во изминатиов период беа реконструкцијата на Македониумот во Крушево, загадувањето на водата во Гостивар и неодамнешното невреме во Скопје – три ситуации кои немаат ништо заедничко освен образецот по кој институциите реагираат, или требалo да реагираат за да ги превенираат последиците.
  • Образецот ни открива дека кога треба да се реши нешто навистина важно, системот е бавен и неодлучен, а често и самиот е предизвикувач на одреден проблем. Од друга страна, кога треба да се најде формална причина нешто да не помине, одеднаш истиот тој систем станува неверојатно прецизен.
  • Кога културно добро со децении пропаѓа – институциите спијат. Кога милиони евра се вложуваат во водовод, а тој сепак не функционира како што треба – институциите спијат и измислуваат „генијалности“. Кога градот по невреме изгледа полошо отколку што треба – институциите сѐ уште спијат: не чув дали некому му била пратена инспекција за да ги провери сертификатите за лимовите што одлетаа и можеа да отепаат човек.
  • Бесполезна е строгоста кон неважното, додека постои попустливост кон суштинското. Вистински строги институции не бараат влакно во јајце. Тие не дозволуваат водата да биде загадена, наследството да пропаѓа и градот да остане неподготвен. Нам ни требаат токму такви институции – не построги кон граѓаните, туку построги кон самите себе.
извор

Кривична за Јани Макрадули

20 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Македонија“ поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
  •  Се наведува дека тој не постапил согласно одлуките на Управниот одбор за исплата на обврски кон две правни лица.  И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.
  • Со тоа оставил простор овие да поведат судски постапки кои ги добиле па штетата за Пошти на основ на исплата на затезни камати е речиси 11 милиони денари. 
извор

Антропик: ВИ да може и да убие, ако има под 50 жртви

20 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Владата на САД би можела да блокира ботови со ВИ ако утврди закана дека може да предизвикаат смрт на повеќе од 50 луѓе или штета повисока од 1 милијарда долари.
  • Ова е предлогот на Антропик во нацрт-закон за „безбедност“ на вештачката интелигенција, поднесен до Конгресот на САД.
  • Сè што е подолу од овие граници би се толерирало како „разумна политика“.
  •  Проценетиот ризик од моделот со ВИ би морал да произлегува од дизајнирање или создавање на биолошко оружје, кибернетски напад или бегање на агент со ВИ од контрола на лабораторијата во која се развива.
  • Ризикот би го проценувале „независни евалуатори“, регистрирани во Министерството за трговија, при што е оставена можноста за нивните услуги да плаќа лабораторијата во која вршат увид.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кои денови сте затворени?

Балканштина
2

Боже, дај ми знак

Разно
3

Богати и славни

Македонштина
4

Париз гори, а има и кој да се чешла

Забава
5

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина
6

Приказна на денот

Забава
7

Нова црногорска епика

Балканштина
8

Кривична за Јани Макрадули

1

Кривична за Јани Макрадули

2

Како Макрон Антоанета ја изневери Франција

Мислења
3

Франција гори од токсична улична коалиција

Мислења
4

Златна треска во Полска

Занимливости
5

Книгата која Западот одбива да ја прочита

Мислења
6

Мелони и со војска ќе го брани Милано

7

Русија шири свој „старлинк“ над Украина

Свет
8

Антропик: ВИ да може и да убие, ако има под 50 жртви

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Каква држава, таков Леонард Коен

Памет тече по бугарските улици

Брадата како православна одбрана од педерлаци

Краткотраен обид да се наруши угледот на нашиот лидер

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy