- Активисти од група со истоимен назив од насловот искористиле дупка во вебсајт за да влезат во мрежа со детални податоци за произраелски пари во американската политика. Пред да биде затворена дупката, успеале да ја симнат целата база.
- На списокот се 11.168 донатори, кои може да се пребаруваат по име и по нивниот работодавец.
- Меѓу нив се 523 членови од Претставничкиот дом и од Сенатот, со износот на нивните донации, како и 165 кандидати за Конгресот.
- Наведени се 105 комитети кои примале пари преку Democracy Engine - дигитална платформа за процесирање и рутирање политички донации.
- Базата е објавена преку профили на Икс и на Инстаграм при крајот на август. Досега само еден портал објави вест за ова.
- Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Македонија“ поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
- Се наведува дека тој не постапил согласно одлуките на Управниот одбор за исплата на обврски кон две правни лица. И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.
- Со тоа оставил простор овие да поведат судски постапки кои ги добиле па штетата за Пошти на основ на исплата на затезни камати е речиси 11 милиони денари.
- Владата на САД би можела да блокира ботови со ВИ ако утврди закана дека може да предизвикаат смрт на повеќе од 50 луѓе или штета повисока од 1 милијарда долари.
- Ова е предлогот на Антропик во нацрт-закон за „безбедност“ на вештачката интелигенција, поднесен до Конгресот на САД.
- Сè што е подолу од овие граници би се толерирало како „разумна политика“.
- Проценетиот ризик од моделот со ВИ би морал да произлегува од дизајнирање или создавање на биолошко оружје, кибернетски напад или бегање на агент со ВИ од контрола на лабораторијата во која се развива.
- Ризикот би го проценувале „независни евалуатори“, регистрирани во Министерството за трговија, при што е оставена можноста за нивните услуги да плаќа лабораторијата во која вршат увид.