Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекувал европската комесарка за проширување Марта Кос да ја одложи посетата на Белград а нејзиното објаснување за одложувањето на посетата (начинот на кој е дочекано телото на Ратко Младиќ) е кратко и глупаво.
„Глорификација“ на генералот Ратко Младиќ, само што не кажува кој нешто славел. А кога не можат да најдат ништо конкретно, тогаш се занимаваат со подвозници, надвозници, веројатно треба да им забраниме на луѓето да се појавуваат, треба да забраниме погреби, треба да правиме гробишта за кучиња“, коментираше Вучиќ.
„Нема мене Марта Кос да ми држи лекции за тоа кој е злосторник и монструм“, порача тој.
„Величењето на Ратко Младиќ по неговата смрт е некомпатибилно со вредностите врз кои е изграден патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почит кон жртвите на воените злосторства“, се вели во објавата на Кос за откажување на посетата на Србија.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.