Новата сорта ќе биде наменета за увоз, малопродажба и консумирање, исто како и конвенционалните банани, но ќе мора да го помине задолжителните проверки од Агенцијата за стандарди за храна (FSA). Производите ќе бидат достапни само во Англија, бидејќи надлежните во децентрализираните управи сè уште имаат резерви во однос на нивната безбедност. Откако ќе се најдат во продажба, нема да биде задолжително да имаат ознака дека се генетски модификувани.
Биотехнолошката компанија Tropic Biosciences ја користела лабораториската техника CRISPR-Cas9 за да ги модификува трите гени на бананите кои предизвикуваат потемнување на плодот. Овие промени го спречуваат растението да го произведува ензимот полифенол оксидаза (PPO), кој е одговорен за процесот на потемнување кога плодот ќе дојде во допир со кислород.
Експертите тврдат дека со деактивирање на овој ензим, излупените или исечените банани ќе останат свежи и до 24 часа. Се смета и дека измените во генетскиот состав на бананите ќе ги направат поотпорни на удари и нагмечувања при транспортот до продавниците.
Одделението за животна средина, храна и рурални прашања (Defra) тврди дека потемнувањето на бананите е причина за „околу 20% од загубите во приносот“. Спречувањето на отпадот би ја зголемило профитабилноста за земјоделците и би го продолжило рокот на траење на производот за потрошувачите. Според тековните проценки, британските домаќинства секоја година фрлаат дури 1,4 милиони банани погодни за јадење.
Одгледувањето култури со генетски измени е индустрија во подем во Британија. Раздружувањето од Европската Унија ги олеснување регулативите диктирани од Брисел.

Британскиот Закон за прецизно одгледување од 2022 година овозможува модифицирање на земјоделските култури со помош на лабораториски техники на исклучување, деактивирање или отстранување на гени. На овој начин може да се изменат одредени својства на културата на начин што би можел да се случи и по природен пат.
Сепак, не е дозволено внесување гени од други видови, бидејќи тоа би се сметало за генетска модификација. Генетското уредување на животни исто така е забрането.