
Во пренаменета штала од црвени тули во Мартон, село на половина пат помеѓу Манчестер и Стоук-он-Трент се наоѓа ресторанот Ла Попоте.
Имаат винска листа со преку 100 избори но и листа на води кои го нудат, вкупно седум: од пет фунти за шише Крег кој се полни во околината, до португалската вода Видаго која е полна со минерали и чини 19 фунти.
За да ви објасни зошто за вода се исплати да платите колку и за вино, тука е сомелиерот за вода на „Ла Попоте“, Доран Биндер, кој го создал менито и е дел од растечката глобална групација на евангелисти за вода кои непоколебливо се убедени дека водата предолго била маргинализирана а заслужува да се слави како вистински пијалок.
„Водата е прекрасна работа и сакам луѓето да експериментираат и да уживаат во неа на начин на кокј никогаш порано не уживале“, вели со страст 53-годишниот Биндер.
Ок, признава дека некои му се смеат.
Репортерот на Гардијан, за предјадење одбрал рак со мајонез со анасон и јаболко. Биндер за тоа му препорачал Лауретана од италијански Пиемонт (12 фунти) или Исландска ледена вода бидејќи тоа се „ниски води“ кои „нема да го надвладеат нежниот рак“.
„Ниска вода“ е оценка на минералноста на водата, клучен фактор во одредувањето на нејзиниот вкус.
Сомелиерот објаснува дека геологијата ја диктира комбинацијата и количината на минералите кои го создаваат вкусот на водата.
„Ако е натриум, солена е. Ако е калциум, малку е слатка. А ако е магнезиум, малку е горчлива“.
Човекот на Гардијан признава дека никогаш не нарачува флаширана вода и му се допаѓа неговата локална, тврда, богата со бигор вода од чешма во Лондон.
Со нејзините ноти на хлор.
п.с. Се служи во чаши за вино, на собна температура. Не бидете сељаци да пиете ладна, ниските температури „го уништуваат вкусот“.