- Полицијата во Скотблаф, Небраска, брзо реагирала на дојава за пукање и рането лице но уште побрзо утврдила дека зад инцидентот не стои човек.
- Луѓе се возеле во кола со наполнета пушка и куче на задните седишта.
- Кога закочиле за да одат во дуќан, овие позади се истумбале и кучето некако го потегнало орозот од пушката.
- Ранета е жената која седела на совозачкото место, пренесува Гардијан.
- Синиот Рефлектирачки базен пред Споменикот на Линколн во Вашингтон, на чие реновирање Трамп потроши 14,2 милиони долари, стана зелен од густите алги.
- Работници вчера истурале хемикалии за белење во базенот, но ефектите биле видливи само еден метар покрај рабовите. Наводно била користена и технологија со наномеурчиња за уништување на алгите.
- ЦНН независно анализирал примерок од водата. Резултатите покажале ниво на фосфати далеку над препорачаните за да се спречат алгите, но тие продолжуваат да се шират.
- Растот на алгите во базенот е проблем за администрациите во Белата куќа уште од 1920-тите.
- „Во споредба со претходните администрации, Службата за национални паркови всушност го одржува прекрасно завршениот Рефлектирачки базен“, соопшти портпаролот на Oдделот за внатрешни работи. „Технологијата на наномеурчиња успешно го уништи цветањето на алгите што го мачеше секое повторно отворање на базенот од 1922 година.“
- Американските служби спречиле напад со дронови и снајперисти врз боречкото шоу што претседателот Доналд Трамп го организираше во Белата куќа во неделата.
- Уапсени се пет лица. Кај осомничените се пронајдени пушки, детални мапи и шифрирани разговори за бегство и безбедно засолниште по нападот.
- „Не се ни приближија до точката на извршување“, изјави потпретседателот Џ.Д. Венс.
- Уапсениот Тајсен Пропер, 19-годишник од Охајо, го пријавила неговата мајка, загрижена откако купил огнено оружје. Признал учество во заговорот, кој наводно бил планиран за да поттикне „револуција“.
- Според него, дронови требало да исфрлат експлозив над северната страна на Белата куќа за да предизвикаат паника, а снајперисти требало да пукаат во луѓе при евакуацијата.
- Пропер посочил по име неколкумина републикански пратеници како цел на нападот, затоа што добиле донации од лобисти што го поддржуваат Израел.