Извршител на масакрот е 22-годишниот Андерсон Ли Олдрич, кој се соочува со повеќе обвиненија за убиство и злосторство од омраза. Олдрич беше повреден за време на масакрот по што беше и хоспитализиран за подоцна да биде префрлен во притвор.
Во документите за рочиштето на Олдрич, поднесени од неговата одбрана, се наведува дека клиентот користи „тие/нив“ заменки и се бара судот да ги употребува истите за време на целото рочиште.
На Олдрич ќе треба да му се обраќаат со ЕмИкс Олдрич (Mx. Aldrich), што се користи како небинарна замена на титулите г-дин и г-ѓа (mr. и ms.).
Олдрич го користи името Николас Френклин Брин се до 2016, кога на 16-годишна возраст бара од судот во Тексас промена на името. Минатата година Олдрич бил приведен од полицијата по пријавата од мајка му дека и се заканувал со бомба и друго оружје.