- Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која повикува на намалување на бројот на препорачани вакцини во детството на 11 од сегашните 17.
- Вакцинирањето против ковид-19, сезонски грип, ротавирус, хепатитис А, хепатитис Б и бактериски менингитис сега ќе се заснова на „заедничко клиничко одлучување“ меѓу родителите и лекарите, наместо овие вакцини автоматски да се препорачуваат за сите деца.
- „Со оваа ажурирана препорака САД конечно се усогласуваат со другите напредни и развиени земји низ целиот свет. Уште поважно, нè усогласува со здравиот разум и знаењето“ изјави Трамп.
- Наредбата исто така повикува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три посебни вакцини за секоја болест. Вакцината ММР моментално не е достапна во САД во три одделни дози.
- Распоредот на вакцините за деца го одредуваат сојузните држави, а улогата на федералната влада е ограничена на препораки. Заклучно со јануари годинава, 28 сојузни држави повеќе не се потпираат на федералните препораки за вакцинација.
- Стејт департментот во текот на оваа година поништил 75.000 визи, односно вкупно 175.000 визи откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа.
- „Повеќето од овие визи беа поништени поради судири со органите на редот поврзани со низа кривични дела. Водечки причини се физички напад, управување во алкохолизирана состојба, кражба и кривични дела поврзани со дрога“, соопшти Стејт департментот.
- На некои лица им биле одземени визите поради измама, проневера, сексуален напад, злоупотреба на деца, непромислено возење, организирање шеми за нелегален „породилен туризам“ и други прекршоци.
- „Секоја одлука за поништување е донесена поединечно, врз основа на фактите на конкретниот случај“, изјави портпарол на Стејт департментот.
- Најмалку 132 луѓе загинаа во земјотрес од 7,4 Рихтерови степени во Колумбија, еден од најсилните што ја погодиле земјата во изминатите 56 години.
- Се стравува дека има многу повеќе загинати, бидејќи се урнале многу згради. Само во Кали има над 180 исчезнати. Има и 580 повредени.
- Земјотресот со јачина од 7,4 степени удрил на длабочина од 103 километри во провинцијата Чоко и оставил последици стотици километри околу епицентарот во Западна Колумбија.
- Најголем дел од жртвите се во градот Переира, оддалечен 55 километри од епицентарот, во регионот каде што се одгледува кафе. Таму се потврдени најмалку 40 загинати, но не се знае судбината на уште стотици затрупани под 65 урнати згради.
- Новиот претседател Абелрардо де ла Есприела, кој стапи на функцијата во петокот, прогласи вонредна состојба.
- Ова е десеттиот земјотрес со магнитуда над 7,0 Рихтерови степени во текот на оваа година. Лани имало 15, а во 2021 година 19, од кои три биле со интензитет над 8,0 степени.