Санторини од Тему
10 август 2026
- Кинезите изградија центар кој е копија на популарниот островот Санторини, за да привлечат младенци и туристи кои не можат да си дозволат да ја посетат Грција. Многумина Кинези по социјалните мрежи ја критикуваат копијата и ја нарекуваат „Лажен Санторини“.
- Локацијата на центарот „Dream Land“ е далеку од море, но има поглед на езеро. Изграден е во Дали, во југозападната провинција Јунан на падините на планинскиот венец Цангшан.
- Во одморалиштето се инвестирани 8 милијарди јуани (околу 1,16 милијарди долари). На површина од 15 квадратни километри има хотели, пансиони и апартмани обоени во бело и украсени со цвеќиња, како и тесни сокаци, слично како на грчкиот остров.
- Подобрената економска состојба им овозможува на илјадници туристи од Кина секоја година да го посетат вистинскиот Санторини, главно на меден месец.