Најмалку 132 луѓе загинаа во земјотрес од 7,4 Рихтерови степени во Колумбија, еден од најсилните што ја погодиле земјата во изминатите 56 години.
Се стравува дека има многу повеќе загинати, бидејќи се урнале многу згради. Само во Кали има над 180 исчезнати. Има и 580 повредени.
Земјотресот со јачина од 7,4 степени удрил на длабочина од 103 километри во провинцијата Чоко и оставил последици стотици километри околу епицентарот во Западна Колумбија.
Најголем дел од жртвите се во градот Переира, оддалечен 55 километри од епицентарот, во регионот каде што се одгледува кафе. Таму се потврдени најмалку 40 загинати, но не се знае судбината на уште стотици затрупани под 65 урнати згради.
Новиот претседател Абелрардо де ла Есприела, кој стапи на функцијата во петокот, прогласи вонредна состојба.
Ова е десеттиот земјотрес со магнитуда над 7,0 Рихтерови степени во текот на оваа година. Лани имало 15, а во 2021 година 19, од кои три биле со интензитет над 8,0 степени.
Кинезите изградија центар кој е копија на популарниот островот Санторини, за да привлечат младенци и туристи кои не можат да си дозволат да ја посетат Грција. Многумина Кинези по социјалните мрежи ја критикуваат копијата и ја нарекуваат „Лажен Санторини“.
Локацијата на центарот „Dream Land“ е далеку од море, но има поглед на езеро. Изграден е во Дали, во југозападната провинција Јунан на падините на планинскиот венец Цангшан.
Во одморалиштето се инвестирани 8 милијарди јуани (околу 1,16 милиони долари). На површина од 15 квадратни километри има хотели, пансиони и апартмани обоени во бело и украсени со цвеќиња, како и тесни сокаци, слично како на грчкиот остров.
Подобрената економска состојба им овозможува на илјадници туристи од Кина секоја година да го посетат вистинскиот Санторини, главно на меден месец.
Корупцијата на високо владино ниво во Киев ги загрижува Украинците повеќе од руското бомбардирање на нивните градови, покажуваат резултати од нова анкета спроведена од агенцијата Socis од 28 јули до 2 август. Истражувањето не ги опфатило териториите окупирани од Русија и регионите во кои има активни борби.
Речиси една половина (49,3%) од испитаниците сметаат дека корупцијата има најнегативно влијание врз состојбата во земјата, додека 44,6% се најзагрижени поради руските напади со беспилотни летала и ракети врз инфраструктурата.
Анкетата е спроведена неколку дена пред новиот корупциски скандал во Киев. Амбасадорката во Вашингтон, Олха Стефанишина, поднесе оставка откако беше обвинета за незаконско богатење преку измама при купување стан.
За 39,4% од испитаниците најнегативниот фактор што се одразува врз нивниот живот е падот на стандардот, за 30,4% тоа се агресивните методи на мобилизација, за 24,8% се владините грешки и непрофесионалноста, а само 21,3% ја посочија руската окупација на украинска територија.
Само 12,7% од испитаниците веруваат дека ситуацијата во Украина се движи во вистинска насока. На прашањето како најверојатно ќе заврши војната, 34,8% очекуваат прекин на огнот долж сегашната линија на контакт проследен со долготраен дипломатски процес, додека 21% веруваат дека борбите ќе продолжат сè додека не се промени политичката ситуација во Русија.