„Новата ИРА“ на сила ќе ги протерува мигрантите од Ирска

Екстремистичката група Нова ИРА планира да ја прошири кампањата на насилства со прогон на мигрантите од целиот остров. Ситуацијата во Северна Ирска врие од јуни, кога 30-годишен азилант од Судан крвнички го нападна студентот Стивен О'Гилви и се обиде да му ја отсече главата. „Доаѓа време за граѓанска војна“, предупредил екстремист на социјалните платформи. 

Агенциите за безбедност и разузнавање откриле дека следбениците на Нова ИРА, кои продолжуваат да се залагаат за обединета Ирска, поттикнуваат тензии во локалните заедници на двете страни на границата. Службите предупредуваат дека насилствата би можеле да поттикнат бран бегалци кон кон Обединетото Кралство преку копнената граница со Ирска.

На социјалните платформи неодамна беше објавена снимка на која неидентификуван маж директно им се закани на мигрантите дека насилно ќе бидат протерани од Вистинска ИРА, ако тоа веќе не го прават властите.

Ќе ја преземат контролата и ќе им дадат ултиматум, не на властите, туку на нелегалните мигранти во земјата. Доаѓа време за граѓанска војна, и дали можете да ги обвините за тоа? Ова ќе биде сериозен сигнал за будење на властите. Овие луѓе ќе им покажат како се прави тоа и ќе им дадат 24 часа да си заминат, порачува човекот на снимката.

Групата Нова ИРА се појави во 2012 година од поранешни членови на Вистинската Ирска републиканска армија и се спои со движење против дрогата и шкотски националистички групи.

Новата ИРА е многу активна оваа година на северот, изведувајќи напади врз полициската станица во Лурган и со автомобил-бомба во Данмари. Таа сега има две цели: независност на Ирска и протерување на сите мигранти. Сметаме дека ова е дел од борбата за превласт меѓу фракциите во рамките на старата ИРА – односно Вистинската ИРА и Новата ИРА. Новите лидери водат кампања за заплашување со насилство, изјави полициски службеник.

ИРА не беше спомната кога во Белфаст во јуни беа нападнати и запалени домови на мигранти, како реакција на нападот врз студентот Стивен О'Гилви. Напаѓачот, идентификуван како азилант од Судан, со долг кујнски нож и без јасна причина на улица го нападнал О'Гилви, го бодел во грбот и лицето, а потоа се обидел да му ја отсече главата.

10 август 2026 - 13:16