Српскиот претседател Александар Вучиќ не очекува војната во Украина да заврши до крајот на оваа година и предупреди дека Европа е на работ на уште поголема војна.
„Не гледам крај на војната ниту до следната пролет. Се надевав дека некој досега ќе направеше нешто за да создаде мир. Тоа не се случи и нема наскоро да се случи, што значи дека сме на работ на многу, многу поголема војна, изјави Вучиќ во интервју за Матијас Дефнер, директорот на издавачката куќа „Аксел Шпрингер“.
Коментирајќи ги наводните руски напади врз европски земји, Вучиќ истакна дека Европа веќе води хибридна војна против Русија, преку финансиската и воена помош за Киев, како и со санкциите за Москва. „На крајот на краиштата, Русија е нуклеарна сила и никој не може едноставно да ја нападне“.
На прашањето од Дефнер дали на средбата со Володимир Зеленски во Белград разговарале за заедничкото производство на дронови, Вучиќ изјави дека Србија гради фабрика за дронови со Израелците и дека погонот ќе биде отворен до крајот на септември.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.