Не траеше долго задоволството на Володимир Зеленски дека САД ќе ѝ ги дадат на Украина нацртите за оружјето што ѝ е потребно за да ги заштити градовите и инфраструктурата од руски проектили. Само два дена по средбата со Зеленски во Белата куќа, Трамп објави дека украински фирми сепак нема да добијат лиценца самите да ги произведуваат пресретнувачките ракети „патриот“ поради „бирократски и административни процедури за заштита на интелектуалната сопственост“.
Трамп подоцна изјави дека причината, всушност била недовербата во Зеленски. Белата куќа и Пентагон биле загрижени дека Украина би можела да ја проследи да ја продаде строго доверливата технологија.
Разговаравме, но не сме се согласиле. Тешко е да се отстапи таква технологија. Ова оружје е неверојатно. Мораме многу внимателно да пристапиме кон тоа некому да му дозволиме да го произведува. Не верувам дека тоа некогаш може да се случи, но луѓето на кои им ја давате таа технологија, еден ден можат да се свртат против вас, рекол Трамп на состанокот на кабинетот во петокот.
Киев лани побарал од САД и лиценца за производство на крстосувачките проектили „томахавк“, што Трамп полесно го одби, затоа што тоа е офанзивно оружје за напади длабоко на туѓа територија, додека „патриотите“ се дефанзивни ракети.

Главниот аргумент на Зеленски сега бил дека Украина разви сопствени капацитети за капацитети за масовно производство на оружје. Ако неговата земја добие лиценца за американските „патриоти“, би можела по крајот на војната да ги произведува и за потребите на САД и нивните сојузници.
Украинските дронови се покажаа на бојното поле како поефикасни и поевтини од конкурентските, произведени од западните земји. Фабрички погони низ Украина сега произведуваат 40% до 70% повеќе оружје отколку што властите можат да купат.
Зеленски проценува дека Украина моментално произведува околу 10 милиони беспилотни летала годишно. За споредба, САД произведуваат 100.000. Моделите Dart, чинат по околу 1.000 долари, а уништуваат руски цели вредни милиони.
Можеби токму поради ова нема да добие лиценца за скапите ракети, кои чинат по 4 до 5 милиони долари.
Републикански функционер изјавил за Атлантик дека компаниите Raytheon и Lockheed, кои произведуваат „патриот“, вршат голем притисок врз Белата куќа, затоа што се загрижени дека Украинците ќе најдат начин да ги усовршат ракетите и да ги произведуваат во големи количини побрзо и поевтино отколку во постоечките производни линии во САД.