Разговорот се случува веднаш по паѓањето на украинската ракета на полска територија, а во снимката што Вован и Лексус ја емитуваа, тие му порачуваат на Дуда да не помислува заради тоа да ги ескалира работите со Русија.
„Емануел дали мислите дека јас би сакал војна со Русија?
Не, верувајте ми, не сакам.
Не сакам војна со Русија. И верувај ми дека сум крајно претпазлив. Крајно претпазлив,“ ќе одговори Дуда.
За пофалба е што Дуда не падна на провокацијата од крајот од муабетот, кога „Макрон“ се одјавува со „смачено ми е од двајцата (Путин и Зеленски), а посебно од Владимир Зеленски.
Ова е втор пат како Вован и Лексус успеваат да стигнат до Дуда.