Само во 2020 година, околу 200 американски непрофитни организации за заштита на животната средина колективно собрале 3,2 милијарди долари од богати донатори и фондации.
Тоа е зголемување за половина милијарди долари во однос на претходната, 2019 година, кога еко-групите пријавиле приход од 2,7 милијарди долари.
Седум од најголемите донатори уфрлиле 1,8 милијарди долари во каузата. Ако не сите, тогаш многу од нив не штедат пари и за финансирање на Демократите во секој изборен циклус.
Практично секоја голема квази-левичарска фондација, вклучително и Форд, Рокфелер, Хјулит и отвореното општество на Џорџ Сорос - го финансира климатскиот активизам.
Тие, исто така, добиваат значителна поддршка од „новите шампиони“ на „чистата енергија“ како што се ЕксонМобил, Шел и БП кои во последно време се залагаат за брза транзиција од фосилни горива во „иднина со помала количина на јаглерод“.