Вести

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Локалната власт во градот Кембриџ потроши милионска сума за серија јавни вецеа со концепт чучавци. Направено е тоа за да се задоволеле некои специфични културолошки преференци на дел од туристите кои го посетуваат градот. Локалците сега мрчат затоа што треба да платат за да чучнат. 

Старите далноводи се одговорни за катастрофалните пожари во Грција

Застарената надземна електрична мрежа е одговорна за најразорните шумски пожари во Грција во текот на оваа сезона. Бројот на пожари од далноводи е релативно мал, но огнот вообичаено избувнува на непристапно место со сува вегетација и ветровите лесно го шират во катастрофа. На Грција ѝ требаат 35 милијарди евра за да закопа кабли во должина од 120.000 километри.

Чудо во Германија:

Црквите губат верници, но добиваат повеќе пари

Стотици илјади верници секоја година ги напуштаат католичките и протестантските цркви во Германија, но црквите сепак добиваат повеќе пари од задолжителните даноци. Зголемувањето на просечните плати и прогресивниот даночен систем значат дека намалениот број регистрирани верници секоја година издвојуваат повеќе пари за црквата.

Речник

Неписмените работници во САД заработуваат како просечните во Британија

Иако младите Британци се квалитетно образувани, тоа не им е гаранција дека на пазарот на труд лесно ќе најдат работа и ќе добијат плата соодветна за знаењата и вештините што ги стекнале. Економската стагнација ги пренасочува кон работни места за кои се преквалификувани и им ги зголемува фрустрациите поради тоа што заработуваат помалку од неписмени работници од САД.

Никој во ЕУ не знае кој ќе го плати заемот од 90 милијарди за Украина

Првите транши од заемот на Европската Унија за Украина во вредност од 90 милијарди евра почнаа да се исплаќаат од јуни. Иако некои земји-членки се изземени од финансиските обврски поврзани со заемот, се поставува прашањето: кој на крајот ќе го сноси товарот? Очигледно, ниту самата Европска комисија не го знае одговорот.

Го извлекле Трамп од „Ер форс 1“ во камионче за храна?

Доналд Трамп тајно ја напуштил Турција минатиот месец со воен авион, а не со претседателскиот „Ер форс 1“, во кој патувале неговата придружба и новинарите. Таква тајна операција за заштита на претседателот на САД била спроведена само неколку пати досега. Причината биле сериозните закани за атентат врз Трамп од страна на Иран, тврдат извори на „Вашингтон пост“.

Болсонаро се предомисли, бара да биде прогласен за победник

По основа расипани гласачки машини, партијата на Болсонаро бара поништување на гласовите од неколку спорни места низ Бразил, што ако биде прифатено би го свртело исходот од претседателските избори во корист на Болсонаро.

По чистката на вработени Твитер во Јапонија сврти од политика на поп-култура

Аниме и видео-игри а не политика изненадно станаа трендинг теми на Твитер во Јапонија откако компанијата почна со масовни откази во земјата кои го зафатија и тимот за бирање содржини.

Ако ја хакнеме фотосинтезата, ќе имаме ли за јадење?

Научниците обидуваат да ги научат старите култури на некои нови трикови кои ќе им овозможат да преживеат во потешки услови - вртејќи се кон се кон тајните на растенијата како ананас, орхидеи и агаве.

Путин, девет месеци подоцна

Путин ја почнува војната со прогласена независност на Луганск и Донецк, па дури потоа решава истите тие, со уште две други области од Украина да ги припои кон Русија, и тоа нема врска со империјализам, тврди за Њујоркер професорот Џон Мершајмер.

Не, Њујорк тајмс, не „заслужувате подобро“ од Доналд Трамп

Њујорк Тајмс упорно одбива да сфати зошто Трамп сè уште постои на сцената па смета дека на луѓето не им е доволно јасно дека тој е булшит. Мат Таиби уште поупорно им плеснува: Знаат тие дека Трамп е булшит, ама знаат и дека вие сте бетер од него. 

Како Русија го изведе својот најголем воздушен напад на Украина?

Западните и украински функционери тврдеа дека резервите на Москва со ракети се при крај. Нападите од минатата недела сериозно го раздрмаа тоа тврдење, пишува Њујорк тајмс.

Економистот кој прашуваше до кога ќе се расте

Без голема медиумска помпа, почина стариот економист Херман Дели, кој ненаметливо одгледа нова генерација економисти на кои им е јасно дека постојаниот раст неминовно ќе влезе во судар со ограничените ресурси на оваа планета. Потсетуваше и дека драматичната нееднаквост води кон класен конфликт. 

Не се вика колонијализам, се вика француска надворешна политика

Чисто затоа што светот клокоти како да е пред апокалиптично зовривање, остана малку забележано воскреснувањето на нов фронт во срцето на ЕУ, меѓу Италија и Франција, и тоа пак заради држ-не дај околу бегалците.

Пљачка на векот во Ирак: 2,5 милијарди долари

Немојте да мислите дека некој украл банка, нечиј сеф или воз полн со златни шипки. Во земја како Ирак, во која под менторство на САД со години се градеа „независни институции“ и се “јакнеа нивните капацитети“, има кој е надлежен и овластен да ја прави таа работа. 

На уште неоладено премиерско столче, Џонсон веќе штанца хонорари од стотици илјади долари

За 8 и пол часа учество на американска конференција за осигурување, Борис Џонсон наплатил вкупен хонорар од 326.000 долари, што би му дошло околу 38.400 долари од час.

Луѓето како збир од еволутивни грешки и компромиси

Наспроти прекрасните пропорции на Витрувиевот човек на Леонардо Да Винчи, совршено опфатени во кружница и квадрат, нашиот физикус е една збирштина од фабрички грешки, инженерски утки и еволуциски ќорсокаци, што изгледаме како дело на Хомер Симпсон повеќе отколку на кој било друг. 

Сан Франциско нуди гарантиран приход за трансџендери

За секој месец да добиваш пари од градот треба да си сиромашен но и трансродов, небинарен, родово неконформен или интерсексуален. Имаме и коментар од еден познавач на состојбите на либералниот западен брег.

Западот веќе стравува од апетитот за оружје на Украина

Спонзорите на Киев се напнати до крајни граници во обидите да го одржат снабдувањето со оружје и муниција на војската на Украина, кое се покажа како одлучен фактор на военото поле, а притоа да не останат со празни магацини за воени потреби.

Бајден пак со пусулче го пуштија во јавност

На самитот во Бали, Бајден пак е фатен со список со детални насоки, и тоа ништо идеолошко, туку чисто кај да седне со кого да се поздрави, кога да зборува.

Европа пред „епидемија на рак“ заради пропустите во ковид годините

За време на пандемијата во Европа се пропуштени 100 милиони проверки за рак, од кои веројатно 1 милион би завршиле со дијагностицирање на болеста, заради што континентот се соочува со „епидемија на рак“.

Киев ја прекардаши со лажење

Од првичните ставови околу паднатите ракети на Полска територија се откажаа сите лидери во анти-руската коалиција, освен Зеленски, кој останува верзијата дека се руски ракети. И тоа упорно.

Не вртете, давајте веќе еднаш тоа чипот

Во ден во кој ракети паднаа во Полска и Трамп најави повторна кандидатура за претседател на САД, можеби нешто друго беше „вест на денот“: дека американските федерални резерви од Њујорк и неколку банкарски гиганти започнаа 12 неделен пилот проект за „дигитален долар.“ Што може тука да има лошо?

Кожа на кожа, а не инкубатор

Бебињата родени прерано или премногу мали треба да бидат држени „кожа на кожа“ со мајката или негувателката за да се зголемат нивните шанси за преживување, наместо одма да бидат ставени во инкубатор, е новата препорака на СЗО.

Девојката опседната со Хари Потер и полигамија одговорна за милијардите на ФТХ

Како што продолжува имплозијата на крипто-берзата ФТХ, така на површина излегуваат работи што инвеститорите би требало да ги знаат пред да истурат милијарди во фирмата, пример дека целото раководство е „банда деца“ во полигамна врска меѓу себе.

Доналд Трамп и официјално пушти документи за претседателски кандидат на САД

Ветувајќи дека „камбекот на Америка почнува сега“ Доналд објави дека и по трет пат ќе се кандидира за претседател на САД на изборите 2024.

Земјата не е рамна, ама универзумот е?

Полесно е да ве убедиме дека Адам бил направен од кал а Ева од ребро, ама елате да прочитате што вика еден угледен професор од Принстон. Дека ок, локално сме топчести, ама затоа глобално, сè во овој универзум ни е рамно, да порамно (речиси) не може да биде.   

Тргнаа тужби во врска со вакцините

Американската платформа Judicial Watch ја тужи администрацијата на Џо Бајден. Сакаат да знаат зошто се кријат информации за безбедноста на вакцините против ковид кои владата агресивно ги промовира и наложува.

Ти + 7.999.999.999 луѓе

Од појавата на хомо-сапиенс на човештвото му требало уште 300.000 години за да стигне до бројката од 1 милијарда луѓе. Од 7 до 8 милијарди луѓе стигнавме за 12 години.

Не се преговори, состаноци сè

Директорот на ЦИА Бил Брнс имал состанок во живо во Анкара со Сергеј Наришкин, директорот на СВР РФ, руската служба за надворешно разузнавање, како дел од напорите на САД за „комуницирање со Русија околу менаџирање на ризиците“.