Ситигруп, Мастеркард и Велс Фарго се меѓу финансиските компании кои учествуваат во експериментот со федералните резерви.
Официјално се наведува дека пилот проектот ќе се одвива во тест околина и ќе се користат симулирани податоци со цел да се види како банките кои користат дигитален долар ќе можат да ги забрзаат трансакциите и плаќањата.
Идејата за централизирани дигитални валути (Central Bank Digital Currencies - CBDC) не е нова и се тркала веќе извесно време, за што пишувавме во неколку наврати.
„Се замислува централизираните дигитални валути да бидат „programmable“ односно да можат да се програмираат. Од Глобалниот блокчеин бизнис совет предупредија дека тоа може да биде вовед во незамислива државна контрола бидејќи тие дигитални пари може да се програмираат да бидат користени, на пример, само за неопходни потреби како што е храна.
Со други зборови, парите кои се ваши и сте ги заработиле со труд, некој друг ќе кажува за што ќе ги користите. Во суштина, тоа веќе не се пари (бидејќи со свои пари имате слобода да правите што сакате) туку своевидни ваучери или купони чија употребна вредност ќе биде централно диригирана“, пишавме во статијата „Цел свет, дигитално орвелијанско Кратово“.
Вовед во оваа приказна беше шансата за тренирање послушност и контрола која ја овозможи пандемијата. Кога малку навлеговме во „зајачката дупка“, наведовме како би можело тоа да изгледа:
Дека двојката држава-банки може без судски налог да владее лични пари заради нечии политички ставови, видовме во Канада (повеќе).
Во меѓувреме, се имплементираат вакцинални пасоши. И во ЕУ (повеќе) и во САД (повеќе).
Овие технологии се имплементираат во уреди кои секојдневно ги користиме, на пример телефон (повеќе), на пример часовник (повеќе).
Види чудо, на октомврискиот здравствен Г20 финишираше таа желба за глобална дигитална идентификација.
„Ајде да имаме дигитален здравствен пасош признат од СЗО... ако сте вакцинирани или тестирани прописно.... ќе може слободно да се движите наоколу (ако не, јеби га - н.з.)“, ќе каже министерот за здравство на Бали.
Откако ќе се воспостави централизирана идентификација, многу лесно системот се апгрејдира со нови можности. Тек да се знае, во меѓувреме забрзано се работи на тракери за следење на индивидуалниот „carbon footprint“. Секој да може да следи колку ѝ прави „беља на планетата“ тоест да се знае каде патува, како патува, што јаде, каде конзумира...
Претпазливите и сомничавите велат дека ќе биде прашање на време кога овие тракери ќе бидат поврзани со дигиталните сметки на луѓето, па кога ќе сакаш да платиш за хамбургер, а тракерот јавува дека доволно хамбургери имаш изедено месецов... јасно ви е.
Бидејќи се работи за иднина, можно е да не бидне вака, но знаете како вика еден од Марфиевите закони:
- Ако нешто може да тргне на лошо, ќе тргне на лошо.